Сопственикот на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, осуден на 10 години затвор за тешката автобуска несреќа кај Ласкарци, денес не се појави во затворот Идризово за да ја започне казната.
Наместо тоа, тој беше хоспитализиран во Клиничката болница во Тетово, каде што денес требаше да биде опериран.Белули поднесе барање за одложување, наведувајќи во образложението дека бил примен во болницата на 28 ноември поради здравствени проблеми.
„Новиот датум за почеток на казната е 17 декември.”
Ова е трето последователно одложување за Бехлули поради здравствени причини.
Во меѓувреме, второобвинетиот, Ремзи Мифтари, раководител на „Дурмо Турс“, е во бегство. Тој исто така побара одложување на казната поради операција на хернија, но потоа не се појави во Идризово, по што беше издадена потерница.
The post Сопственикот на „Дурмо Турс“ повторно бара одложување на казната: Сега закажа операција appeared first on Во Центар.



