Милановиќ се надева дека ЕУ нема да се распадне како Југославија и СССР поради едноумие

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека се надева дека Европската Унија нема да се распадне како Југославија или Советскиот Сојуз поради наметнување или едноумие

Милановиќ е во дводневна посета на Словачка, каде што утре ќе се сретне со својот словачки колега Петер Пелегрини и со премиерот Роберт Фицо.

Милановиќ денеска за Пелегрини и Фицо рече дека ги познава долго време, комуницира со нив и дека е истомисленик, „што не значи дека сите во Европа размислуваат исто денес“.

„Но, постои тенденција да се убедуваат луѓето, а ако не оди добро, тие многу брзо се откажуваат, а потоа ги принудуваат сите да размислуваат исто, а ние веќе го видовме тој филм. Затоа се распаднаа Југославија и Советскиот Сојуз. Се надевам дека нема да се распадне ниту Европската Унија“ – рече Милановиќ.

„Не секој може да се однесува на ист начин, а заедничките демократски вредности се прашање на толкување“, додаде тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: