Ќе ви треба:
250 г гриз100 г брашно150 г шеќер200 г јогурт100 г путер1 кесичка прашок за пецивоедна шака бадеми
За сирупот:
200 г шеќер200 мл вода1 лажица сок од лимон1 лажичка ванила
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во сад измешајте го гризот, брашното, шеќерот и прашокот за пециво. Потоа додадете го јогуртот и растопениот путер и соединете во мазна смеса. Истурете во плех обложен со хартија за печење. Декорирајте со бадеми одозгора. Печете ја питата околу половина час до 35 минути, во рерна претходно загреана на 180 степени. Одделно, сварете го шеќерот, водата и сокот од лимон за да го направите сирупот. Оставете малку да се олади, а потоа прелијте го млакиот сируп врз топлата смеса.
Пронајдете не на следниве мрежи:


