Ги блокираат парите и среќата: Овие работи во куќата привлекуваат лоша среќа, веднаш фрлете ги!

Фенг шуи учењата тврдат дека одредени предмети во домот можат да создадат негативна енергија, да привлечат несреќа, кавги, па дури и финансиски проблеми. Ако сакате вашиот дом да биде хармоничен и полн со позитивна енергија, експертите ве советуваат веднаш да се ослободите од следниве работи.

Скршени часовници

Скршените часовници симболизираат прекин во текот на времето и можат да привлечат негативна енергија и лоши настани. Ако вашиот часовник е оштетен, најдобро е да го замените или да го фрлите, за да биде енергијата во домот хармонична.

Стар календар

Календарот ја симболизира минливоста на времето. Ако имате стара ознака за датум или не ја свртите страницата во тековниот месец, фенг шуи тврди дека тоа може да го спречи напредокот и позитивните промени.

Скршени садови

Оштетените чинии, чаши и тенџериња можат да привлечат финансиски проблеми и да го блокираат просперитетот во домот. Фрлете сè што е напукнато и заменете го со ново, бидејќи садовите симболизираат среќа и просперитет.

Кактуси и растенија со трње

Растенијата со трње носат негативна енергија и можат да ги попречат семејните односи или формирањето нови пријателства. Исклучок се розите, кои според фенг шуи симболизираат раст, љубов и хармонија.

Сушени или вештачки цвеќиња

Вештачките цвеќиња не ја носат енергијата на растот и можат да го спречат напредокот на членовите на семејството. Секогаш е подобро да имате живи растенија, кои симболизираат живот, просперитет и позитивна енергија.

Пронајдете не на следниве мрежи: