НЕ ФРЛАЈТЕ БАЈАТ ЛЕБ: Направете лесна и сочна мусака од него

Ќе ви треба:

500 г мелено месополовина векна бајат леб4 јајца100 мл млеко1 кромид200 г сирење1 лажица мешавина од зачинимасло, сол, црн пипер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во загреаното масло во тава испржете го ситно исечканиот кромид. Потоа додадете го меленото месо и зачинете со сол и црн пипер. Потоа исечете го лебот и наредете го во намастен плех. Врз него намачкајте ја смесата со мелено месо и одозгора наредете го остатокот од лебот. Скршете ги јајцата во сад и додадете ја смесата од зачини и изматете сè заедно. Потоа прелијте го млекото и прелијте го врз мусаката. Изрендајте го сирењето врз него. Печете во рерна загреана на 200 степени. Исечете ја мусаката на парчиња.

Пронајдете не на следниве мрежи: