Вработен во банка во Велес „здиплил“ 4.000 евра од туѓа сметка

СВР Велес поднесе кривична пријава против П.Џ.(27) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.

Во текот на септември 2025 година, пријавениот, во својство на службено лице во експозитура на банка Велес, во три наврати извршил неосновани готовински исплати од трансакциска сметка на оштетено лице В.Ф., во вкупен износ од 249.990 денари.

Пронајдете не на следниве мрежи: