Приведени четири лица за убиството во Виница, кривична за еден грчки државјанин

Кривична пријава заработи грчки државјанин кој се сомничи за убиството на 56-годишниот Д.А. кој беше пронајден мртов во близина на градските гробишта во Виница.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека приведени се вкупно четири лица.
Во врска со настанот, полициски службеници ги лишија од слобода И.Л.(24), Г.П.(80), С.Р.(55) сите од Р.Грција и С.З.(57) од с.Жабени, битолско. По преземени мерки и активности од страна на ОВР Виница во содејство со ОЈО Кочани, во насока на расчистување на кривично правниот настан, извршени се претреси во возилата кои лицата ги управувале и во просториите во апартманите во Виница каде лицата престојувале. При претресите пронајдени и одземени се четири ловни пушки и околу 800 парчиња ловечка муниција, како и друг доказен материјал од интерес на истрагата. Против Г.П.(80) од Грција ќе биде поднесена кривична пријава по чл.123 од Кривичниот законик, а против останатите инволвирани лица во настанот до ОЈО Кочани ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. информира МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: