Во овие земји, царината може да ви го земе телефонот и да ви го побара пасвордот

Патувањето се промени, повеќе не е доволно само да имате пасош, билет и куфер. Денес, вашиот телефон, лаптоп и други уреди можат да станат проблем при преминување на границата.

Во многу земји, граничните контроли сега вклучуваат преглед на вашите дигитални уреди, што значи дека службениците можат да прегледуваат пораки, фотографии, апликации и сè што сметате за приватно.

Во 2026 година, Хонг Конг ги заостри правилата, дури барајќи лозинки и клучеви за дешифрирање на уредите, а одбивањето да се соработува се смета за кривично дело.

Слично е и во САД, каде што граничните службеници можат да ги проверуваат уредите без налог, а во случај на одбивање, уредот може да биде конфискуван.

Канада, Австралија, Нов Зеланд и Русија имаат свои правила, но во сите тие земји, одбивањето може да има сериозни последици, од конфискација на уредот до казни и притвор.

Иако постои разлика помеѓу податоците на уредот и податоците во „облакот“, во пракса ова честопати не е доволно за да ве заштити. Светот станува сè повеќе дигитален, а биометријата, паметните уреди и дигиталните дозволи стануваат нова реалност на границите.

Телефонот повеќе не е само телефон, тоа е твојот живот, а во некои држави може да се контролира. И сега прашањето не е што имаш да криеш, туку дали си подготвен/а да споделиш сè.

The post Во овие земји, царината може да ви го земе телефонот и да ви го побара пасвордот appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: