ИТЕН РАПОРТ ВО БРИСЕЛ: ЕУ го покани рускиот претставник на разговор по заканите кон странските дипломати во Киев!

ЕУ го повика рускиот претставник по заканата на Москва до дипломатите во Киев

Европската Унија го повика рускиот вршител на должноста амбасадор во Брисел по заканата од Москва до дипломатите во Киев, изјави денес портпаролката на ЕУ .

– Руската закана упатена до странските граѓани и дипломати да го напуштат Киев претставува неприфатлива ескалација – изјави денес претставничката на ЕУ, Анита Хипер, на социјалната мрежа X.

Таа рече дека рускиот вршител на должноста амбасадор бил поканет на состанокот за да побара од Русија да престане да ги таргетира цивилите и да „се вклучи во искрени мировни преговори почнувајќи со безусловно примирје“.

Таа, исто така, нагласи дека делегацијата на Европската Унија ќе остане во главниот град на Украина.

Руското Министерство за надворешни работи вчера ги повика странските државјани што живеат во Киев, вклучувајќи го и дипломатскиот персонал, да го напуштат главниот град на Украина пред ново бомбардирање што ќе ги опфати службените згради, или „центрите за одлучување“.

Нови удари ќе бидат извршени „врз центрите за донесување одлуки и компаниите од воено-индустрискиот комплекс“ во Киев, предупреди руското Министерство за надворешни работи во соопштение.
The post ИТЕН РАПОРТ ВО БРИСЕЛ: ЕУ го покани рускиот претставник на разговор по заканите кон странските дипломати во Киев! appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: