Овој Ленд Ровер чини колку Ферари

Хелдербург Дефендер со дизел мотор чини речиси 400.000 долари како Ферари СФ90.

Хелдербург претстави специјално модифициран класичен Land Rover Defender наречен Rocco, а цената на овој проект достигнува дури 400.000 долари – речиси колку што чини половен Ferrari SF90 Stradale.

Автомобилот бил изграден за татко и син од Нешвил, а за да се заврши биле потребни повеќе од 3.000 работни часови.

За разлика од повеќето скапи проекти за реставрација кои добиваат модерни V8 мотори, Хелдербург го задржа оригиналниот петцилиндричен турбодизел агрегат, но темелно го надгради и прилагоди на современите стандарди.

Rocco доби сосема нова алуминиумска каросерија со поагресивен дизајн, LED светла, продолжени браници и специјални тркала со гуми за теренско возење.

Суспензијата е исто така преработена, додека инсталиран е нов издувен систем од не’рѓосувачки челик.

Кабината е целосно трансформирана. Внатрешноста е обложена со луксузна кожа од Шкотска, инсталирани се нови седишта, модерен инфозабавен систем и редизајнирана контролна табла.

Основачот на Хелдербург, Пол Потрац, вели дека нивните автомобили не се обични реставрирани класици, туку целосно редизајнирани проекти насочени кон клиенти кои сакаат нешто посебно и различно од модерните спортски автомобили.
The post Овој Ленд Ровер чини колку Ферари appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: