Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој попладне наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредниот период
Следува период на претежно стабилно време. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер. Во четврток и во недела се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
The post Променливо облачно со сончеви периоди: попладне локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи appeared first on Во Центар.



