Пратениците од власта не дадоа поддршка на предлогот да се востановат две нови државни награди посветени на Блаже Конески и Ремзи Несими.
Предлогот на опозициската СДСМ не доби доволен број гласови на Комисијата за политички систем.
Пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска од СДСМ рече дека се работи за двајца истакнати културни дејци. Наградата „Блаже Конески“ би се додлеувала на 19 декември, а наградата „Ремзи Несини“ во втората половина на декември.
За да се обезбедат финансиски средства за двете награди, СДСМ има поднесено амандман на ребалансот на Буџетот.
The post Власта не даде поддршка да се востановат државни награди Блаже Конески и Ремзи Несини appeared first on Provereno.



