Осум земји-членки на Европската Унија преку нон-пејпер бараат поконкретен и
попредвидлив пристапен процес за земјите-кандидати, со јасно дефинирани правила
и временска рамка за нивното членство.
Во документот, зад кој стојат Австрија, Хрватска, Чешка, Грција,Унгарија, Италија, Словачка и Словенија, се нагласува дека
процесот мора да остане заснован на заслуги, при што секоја
држава ќе напредува според сопствените реформи.
Истовремено, се предупредува дека воведувањето нови политички предуслови и постојаното менување на правилата во текот на преговорите ја поткопуваат довербата во процесот на проширување.
Дополнително, во документот се предлага и воведување на заштитни клаузули со кои ЕУ би обезбедила и по евентуално членство на земја-кандидат, да се следи спроведувањето на обврзувачките меѓународни договори кои биле составен дел од
пристапниот процес, особено во делот на добрососедските односи. Сепак, според авторите, ваквите одредби не би воведувале нови барања и услови, туку би гарантирале исполнување на веќе преземените обврски.
Новиот нон-пејпер доаѓа еден месец по француско – германската иницијатива со која Макрон и Мерц од самитот ЕУ –Западен Балкан во Тиват предложија нов модел за постепена интеграција во Унијата. Во документот, покрај постепено вклучување во
одделни политики и во заедничкиот европски пазар пред полноправно членство на земјите-кандидатки, се предлагаше и воведување на процес на интеграција врз основа на јасно дефинирани етапи и преодни фази.
The post ЕУ да биде стабилна затоа нови правила преку нон-пејпер за аспирантите appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



