Мицкоски од Дебарца: Со поддршката за општините се реализираат околу 1.200 проекти низ државата

Јас немам што да додадам повеќе од тоа што го кажаа и градоначалникот и потпретседателот на Влада и министер за транспорт. Добро е кога се работи, добро е кога се пуштаат проекти, добро е кога се отпочнуваат проекти, ние рековме дека со онаа политика со поддршка на општините и реалокација на средства од централниот буџет кон општините во моментот се завршени, во фаза на изработка се завршени или се отпочнуваат околу 1.200 проекти, нешто до сега што се нема случено. Кога на тоа ќе се додадат и сите останати капитални инвестиции доаѓаме на навистина импресивен начин на водење и реализација на капиталните инвестиции.

Јас можам само да ја искористам оваа прилика да му честитам на градоначалникот за работата којашто ја врши овде во Општина Дебарца, да се заблагодарам на советниците во општината коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата се разбира без која невозможно е да се случи, на пратениците коишто доаѓаат од овој регион коишто се борат за проект повеќе, да се заблагодарам на колегите од Владата, на потпретседателот на Влада и министер на транспорт за посветената работа во делот на инфраструктурата и очекувам дека сите овие проекти кога ќе ја добијат својата финална контура, добијат оној облик којшто очекуваме да биде тогаш драматично ќе се подобри квалитетот на животот и додадената вредност во рамките на животот на сите граѓани.

Пронајдете не на следниве мрежи: