Микробиологот Никола Пановски преку објава на социјалните мрежи го критикуваше начинот на кој се постапува со резултатите од анализите поврзани со епидемијата во Гостивар.
Во својата објава, Пановски опишува ситуација во која пациент се лекува во болница со симптоми на труење, додека Обвинителството се сомнева на намерно труење или труење поради небрежност и нарачува лабораториски анализи. Според неговото сценарио, болницата не ги направила потребните тестови, а по четири дена резултатите ги добива само Обвинителството, кое не дозволува тие да бидат објавени поради интересите на истрагата.
„Причината за труење е позната, но само за Обвинителството. Лекарот не ја знае. Додека трае истрагата пациентот починува. По завршување на истрагата јасно е дека постоел лек кој би го спасил пациентот, но во интерес на истрагата, отишол како колатерална штета“, напиша Пановски.
На крајот од објавата тој додава: „Секоја сличност со Гостивар е намерна“, алудирајќи на актуелната епидемија на гастроентеритис и одлуката резултатите од анализите на водата да не бидат јавно објавени додека трае истрагата.
Пановски во објавата дополнително наведува дека, според неговото хипотетичко сценарио, по завршувањето на истрагата семејството на пациентот би ги тужело Обвинителството за убиство, а здравствените власти за непружање здравствена помош.
The post Пановски: Ако пациент почине поради сокриени резултати, би следувале тужби против Обвинителството и здравствените власти appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



