Доналд Трамп предизвика бура од реакции откако остана на подиумот за време на прославата на Шпанија.
Наместо новите светски шампиони, вниманието го украде Доналд Трамп .
Претседателот на САД се најде во центарот на контроверзноста, бидејќи одлучи да остане на подиумот додека играчите на Шпанија се подготвуваа да го подигнат трофејот , а видеото од непријатната сцена го обиколи светот.
Шпанците го чекаа моментот од своите соништа – пехарот во рацете, знамињата, фотографиите и прославата по големата победа над Аргентина. Но, потоа камерите фатија сцена што веднаш стана вирална.
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој учествуваше на церемонијата на доделување на трофејот, остана меѓу играчите на подиумот додека се подготвуваа за големата прослава. Во тој момент, вниманието на гледачите ширум светот беше пренасочено од шампионот кон необична глетка.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се обиде да ја реши непријатната ситуација и да го насочи Трамп на страна, за да може капитенот на Шпанија да го крене пехарот пред своите соиграчи и фотографи, но Трамп сакаше по секоја цена да биде во центарот на вниманието.
Trump just refusing to leave when they’re lifting the trophy.Infantino desperately trying to get him to move.Circus. pic.twitter.com/JABUGKUWXm— Out of Context Football Manager (@nocontextfm1) July 19, 2026
Токму тој момент набрзо стана вирален и предизвика бројни коментари низ целиот свет. Следеше лавина од критики на социјалните мрежи: „Требаше да биде нивен момент“, „Нека слават фудбалерите“, „Не е време за политика, туку за шампиони на светот“ – ова се само дел од реакциите што се проширија на интернет по церемонијата.
Дополнително внимание привлече и свирежите на дел од публиката кога Трамп и Инфантино влегоа на теренот за време на доделувањето на трофејот.
Иако церемонијата продолжи, видеото од подиумот стана една од најкоментираните сцени на вечерта. Додека играчите на Шпанија чекаа момент што ќе го паметат цел живот, Трамп ја исполни својата цел – стана главна тема на дискусија.
The post НАМЕСТО ШПАНЦИТЕ – ТРАМП ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО! Сите зборуваат за неговиот скандалозен потег на подиумот, мрежите горат! appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



