Полицијата денеска информира за случај во кој 26-годишен жител на беровското село Митрашинци возел со 4,35 промили алкохол во крвта.
На 20.07.2026 во 15:05 часот во Делчево, полициски службеницо од ОВР Делчево го лишија од слобода А.Т.(26) од с.Митрашинци, беровско. При сообраќајна контрола на бул.„Македонија“ во Делчево, полициските службеници сопреле патничко возило „ровер“ со беровски регистарски ознаки, при што било констатирано дека А.Т. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 4,35 промили алкохол во крвта.
The post Возел со 4,35 промили алкохол во крвта, бил откриен при рутинска контрола appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



