Скопје ги брои штетите од невремето, над 1000 повици

Невремето направи хаос во Скопје. На Единствениот број за итни повици 112 примени се над 1000 повици.

Центарот за управување со кризи информира дека е падната кровна конструкција од зграда на улица „Женевска“ бр. 10, при што се оштетени повеќе патнички возила. Регистрирани се и паднато дрво врз моторно возило на ул. „Методија Митевски“, на ул. „Никола Тримпаре“, како и падната кровна конструкција на ул. „Трифун Бузев“.
Исто така, пријавено е дека дел од кровната конструкција на ООУ „Владо Тасевски“ е откорната од силниот ветер. На ул. „Хелсинки“ бр. 5 се регистрирани две паднати дрвја, додека на ул. „Скупи“ бр. 89 паднати дрвја оштетиле електрични кабли, патничко возило и дел од куќа.
Во Куманово има пријава за падната кровна конструкција на булеварот „Октомвриска револуција“.
– За сите пријавени настани се известени и постапуваат надлежните служби, кои се на терен и работат на расчистување и отстранување на последиците од невремето, велат од ЦУК.


The post Скопје ги брои штетите од невремето, над 1000 повици appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: