Тања Савиќ призна дека долго време се борела со вишокот килограми, особено во пределот на стомакот. Со промена на исхраната, успеала да постигне резултати од кои, како што вели, и денес е многу задоволна.
Пејачката Тања Савиќ долго време се бореше со вишокот килограми, а во една прилика сподели како успеала да се ослободи од најупорните масни наслаги.
Таа призна дека најтешко ѝ било да се ослободи од салото на стомакот, и откри како.
– Започнав со детоксикација и требаше да пијам само сокови од овошје и зеленчук, но не можев да издржам без да ставам храна во уста – искрено рече пејачката, додавајќи:
– Ги чував цедените сокови за појадок, а решив да јадам и помали, лесни оброци со нив. Јадев салати, пилешко, риба… Секако, сè без леб.
– Буквално ја преполовив количината на храна што ја консумирав и тоа брзо ми донесе резултати – рече Тања и откри дека, како и повеќето жени, најмногу се дебелее во пределот на стомакот:
– Штом ќе здебелам неколку килограми, веднаш ми се зголемува стомакот и тоа ме нервира. Конечно успеав да го симнам! Сега немам вишок никаде.
Многу е задоволна од нејзиниот моментален изглед
– Се стегнав навистина во тој дел од телото и сум многу задоволна од тоа како изгледам. Склона сум кон дебелеење, па затоа морам од време на време да ја регулирам исхраната, за да одржам витка линија – додаде пејачката.
Исхраната на Тања Савиќ беше вистински спасител кога пејачката се здебели за време на карантинот, за што еднаш проговори:
Во тоа време, ми беше навистина здодевно, бидејќи не настапував, само седев дома. Ме мачеше што се здебелив, особено кога ќе се погледнев во огледало и ќе видев дека „врие“ насекаде. Штом почнав да настапувам, ослабев, а сега веќе немам ниту сало на стомакот.
Пејачката не крие дека е вистински гурман и дека сака да јаде нешто што не е препорачливо за витка фигура.
– Човекот понекогаш мора да си даде одмор. Ми се случува да чукнам непосредно пред настапот, а тоа не е баш паметно. Очите ми се гладни, па се прејадувам, а потоа едвај можам да пеам – изјави Тања за „Информер“.
The post Тања Савиќ ги стопи сите масти од стомакот со помош на нејзината позната диета: Откри која храна ѝ помогна да изгледа како кукла (фото) appeared first on Во Центар.



