Еврото го менува својот изглед за прв пат во историјата: Кој дизајн е најдобар за вас?

Европската централна банка (ЕЦБ) презентираше десет конечни предлози за изгледот на новата генерација евро банкноти и отвори онлајн гласање за граѓаните низ цела Европа да учествуваат во изборот на идниот дизајн.

Предложените решенија се базираат на две теми кои беа избрани по консултации со граѓаните – „ Европска култура “ и „ Реки и птици “. 

Тоа ќе биде првата целосна промена во изгледот на евро банкнотите од нивното воведување во 2002 година .

Сепак, новите банкноти нема веднаш да ги заменат постојните, кои ќе ја задржат својата вредност и ќе продолжат да циркулираат паралелно со новата серија.

Покрај новиот визуелен идентитет, новата генерација евра ќе добие подобрени безбедносни елементи за поефикасна заштита од фалсификување, како и подобрени решенија што ќе го олеснат користењето од страна на лицата со оштетен вид.

Првите банкноти со новиот дизајн треба да влезат во оптек во наредните години, а нивниот развој се одвива паралелно со проектот за дигитално евро, кој ЕЦБ сака да го надополни, а не да го замени, плаќањата во готово во иднина.

Погледнете ги конечните предлози за новиот изглед на евро банкнотите подолу: 

1) Дизајн А

2) Дизајн Б

3) Дизајн Ц

4) Дизајн Д

5) Дизајн Е

6) Дизајн Ф

7) Дизајн Г

8) Дизајн Х

9) Дизајн I

10) Дизајн Ј

The post Еврото го менува својот изглед за прв пат во историјата: Кој дизајн е најдобар за вас? appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: