Се тресе германскиот автомобилски гигант! Пад на продажбата, големо реструктуирање, фабриката во Германија е на удар!

Германскиот производител на автомобили „Ауди“ мора да спроведе сеопфатно реструктуирање заедно со својата матична компанија „Фолксваген“ за да остане конкурентен на глобалниот пазар.

Ова денес го изјави финансискиот директор на „Ауди“, Јирген Ритерсбергер, по објавувањето на послабите резултати за првата половина од 2026 година.

Дури ни Ауди веќе не е безбедно.

Групацијата „Ауди“ , која ги вклучува „Ламборџини“, „Бентли“ и „Дукати“ , оствари приход од 29,2 милијарди евра во првите шест месеци од оваа година, што е за 10 проценти помалку во однос на истиот период минатата година, објави „Ројтерс“.

Главната причина за падот на бизнисот е послабата продажба на два клучни пазари, Кина и Соединетите Американски Држави .

Ако Ауди се сопне, што го чека остатокот од Европа?

Во исто време, оперативната добивка на Ауди се зголеми за три проценти на годишно ниво, на 1,1 милијарди евра, со оперативна маржа од 3,8 проценти , благодарение, како што наведува компанијата, на строгата контрола на трошоците.

Компанијата се соочува со високи оперативни трошоци, сè посилна конкуренција од кинеските производители и притисок од американските царини , а фабриката на Ауди во Некарзулм е загрозена со затворање по 2030 година.

Според Ритерсбергер, Ауди веќе го намалил производствениот капацитет во Некарзулм.

Фабриката моментално може да произведува околу 225.000 возила годишно, што е за околу 75.000 помалку отколку во претходните години.
The post Се тресе германскиот автомобилски гигант! Пад на продажбата, големо реструктуирање, фабриката во Германија е на удар! appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: