Делови од Скопје денес (29 јули) ќе останат без водоснабдување и електрична енергија поради закажани интервенции на водоводната и електродистрибутивната мрежа, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на известувањата од ЈП „Водовод и канализација“ и ЕВН Македонија.
Поради поврзување на стара со нова водоводна мрежа на раскрсницата меѓу улиците „Софиска“ и „Петар Драганов“, од 09:30 часот без вода ќе останат корисниците од улиците „Софиска“, „Бриселска“, „Његошева“, „Копенхагенска“, „Петар Драганов“ и „Гаврил Лесновски“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работите.
Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф200 на крстосницата на улицата „Ѓорче Петров“ со булеварот „Македонска Војска“, од 07:40 часот без вода ќе останат дел од корисниците на улиците „Ѓорче Петров“, булевар „Македонска Војска“, „Виа Игнатиа“, „Мице Козар“, „Стоби“, „Александар Мутурков“, „Крсте Гермов-Шакир“ и дел од улицата „Шидска“.
Според известувањето од ЕВН Македонија, без електрична енергија од 09:00 до 15:00 часот ќе бидат дел од корисниците на патот за Долно Лисиче, на потегот кај „Трејд“, „Делта МКС“ и „Про Авто Маркет“.
The post Делови од Скопје денес без вода и струја appeared first on Во Центар.



