Запалил сува трева за да ја исчисти нивата, огнот зафатил 3.000 квадратни метри

Четириесетгодишен жител на дебарското село Бомово бил приведен откако, при чистење на својата нива, запалил сува трева, а огнот се проширил на површина од околу 3.000 квадратни метри.

Од МВР информираат дека В.М. (40) бил лишен од слобода вчера околу 18:50 часот од полициски службеници на ОВР Дебар.

Според пријавеното, тој запалил поголема количина сува трева на својата нива во атарот на селото, по што пожарот се проширил на околниот простор.

Во пожарот нема повредени лица, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Дебар.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи: