Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе, отворена истрага

Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се повредени во експлозија во челичарницата ХАБАШ во Алиага, во турската провинција Измир. Двајца од повредените се во тешка состојба, соопшти турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Несреќата се случила за време на работи за одржување. Според првичните информации од локалните власти, се урнал кран, по што следувала експлозија во производствениот погон.

Ердоган најави судска и административна истрага за утврдување на причините, евентуалните пропусти и одговорноста. На местото биле испратени противпожарни, медицински и спасувачки екипи.

Пронајдете не на следниве мрежи: