На Коди Таунсенд му биле потребни само дваесетина секунди да го совлада „теснецот“, кој, така барем му се сторило за време на спустот, на места бил широк дури метар ипол.Калифорнискиот зависник од адреналин Коди Таунсенд (31) дефинитивно се запиша помеѓу најхрабрите луѓе на светот бидејќи се осмели да се спушти на скии низ вертикална пукнатина во која за момент можете да ја изгубите главата.
Како што сведочи и видеото, Таунсенд на еден од врвовите на ланецот планини на Аљаска, Тордрило се спуштил со хеликопетр, па страшниот теснец го совладал за 20 секунди.
„Добив впечаток дека пукнатината на одредени места е тесна метар и половина, но можеби грешам бидејќи при постигнатата брзина не обрнував внимание на такви детали“, изјавил Коди, кој се впуштил во предизвикот поради страста, но и за да ја збогати содржината на филмот „Days of My Youth“.
Додаваме дека лудиот спуст во саботата бил награден од магазинот за скијање „Најдобри ски стази“.Калифорнискиот зависник од адреналин Коди Таунсенд (31) дефинитивно се запиша помеѓу најхрабрите луѓе на светот бидејќи се осмели да се спушти на с



