Видео: Бил киднапиран како дете, по 23 години го пронашол своето семејство

Кинезот Луо Ганг бил киднаприран во 1990 година на само пет годишна возраст. Бил продаден во семејство на другиот крај на Кина, но бидејќи неможел да се сети на имињата на неговите родители, ниту пак на местото во кое живееле, шансите да се врати дома биле минимални.Благодарение на неговата упорност, по 23 години потрага, неговата желба станала реалност.
На Луо по киднапирањето му било сменето името и живеел во мало село во провинцијата Сечуан. Живееле скромно со неговите родители и неговиот помал брат, но сепак имал среќно детство.
-Одев во градинка, кога се појавија маж и жена. Помислив дека се пријатели на татко ми и тргнав со нив. Ме префрлаа од еден во друг автомобил и подоцна ми сооптија дека се наоѓаме во планинската област Фуџијан, се сеќава тој.
Луо таму бил продаден во семејство, кое живеело на 1500 километри од неговото родно место. И според неговите сеќавања, тврди дека трговците го продале за 600 евра.
Така Луо станал едно од илјадниците деца кои секоја година исчезнуваат во Кина. Минатата година во провинцијата Фуџијан имало околу 10.000 случаи на трговија со деца.

 
Секоја вечер пред да заспие Луо се сеќавал на секој детал од неговото детство, се со цел да не ги заборави  и да може еден ден да се врати дома.
-Бев како компјутер, ги меморирав сите сеќавања од моето детство, и на местото во кое што пораснав, иако не се сеќавав ни како се вика, рекол Луо. 
Поради тоа што неговите нови родители умреле две години по неговото доаѓање, за него се грижеле неговите тогашни баба и дедо.
Успеал да заврши училиште и да отслужи војска, но неговата желба да ги пронајде биолошките родители секојдневно растела.
Кога наполнил 27 години, во октомври 2012, Луо се регистрирал на сајтот “Baby Come Home”, на кој родителите и киднапираните деца ги опишуваат своите случаи.
-Бев висок 110 сантиметри. Имав крупни очи. На левата рака имам белег од удар со  камен, напишал Луо и објавил фотографија која неговите посвојувачи ја направиле набрзо по неговото киднапирање. Освен тоа поставил и цртеж, кој го нацртал благодарение на повторувањето на неговите спомени од детството, мостовите и патот до училиштето. Неколку месеци по објавувањето на цртежот, добил повратна информација од сајтот со сателистка фотографија од неговото родно место, на која ги забележал познатите мостови, згради и неговото старо учичиште.
Веднаш отпатувал во неговото родно место и се сретнал со неговите вистински родители.
-Бев премногу смирен кога ги видов, но мајка ми беше премногу возбудена и плачеше многу, раскажал Луо.
Тој додал и дека не ги обвинува неговите посвојувачи за тоа што го направиле.
-Тие ме поддржуваа цели 23 години, но моите биолошки родители се моето вистинско семејство. Сега имам две семејства и ќе поминувам време и со едното и со другото.
Благодарение на неговата упорност, по 23 години потрага, неговата желба станала реалност.

Пронајдете не на следниве мрежи: