Видео: Бизарен моден тренд – Си вградила накит во окото!

Веројатно за по бизарен  моден тренд од овој се уште не сте слушнале. Американката Луси Лукајанко неодамна се одлучила за еден навистина чуден моден тренд и така станала првата девојка од Њујорк која во своето око вградила парче накит.Ова е уште еден од многуте бизарни трендови за мода и убавина кој го зафати светот. Овој пат станува збор за накит кој се вградува во окото, поточно во склерата (белката на окото). Постапката настанала во 2004-тата година и стотици пати е работена во Европа и во Лос Анџелес, не од неодамна истата се прошири и во Њујорк.
Луси Лукајанко е првата жена од „Големото јаболко“ која во своето око вградила платинесто срце, по цена од 3.000 долари. Процедурата траела само неколку минути, а како што и самата вели, главната причина поради која се одлучила на ваков чекор е тоа што сакала да биде единствена и „очите секогаш да ѝ сјаат“.
Сепак, Американската академија за офталмологија напоменува дека станува збор за процедура која не наишла на одобрување од експертите и дека модерните девојки не би требале ништо да ставаат во очите, затоа што било како имплант може да предизвика инфекција и други опасности кои можат да доведат до слепило.
Погледнете го видото за Луси, девојката која си вгради платинесто срце во своето око:

Ова е уште еден од многуте бизарни трендови за мода и убавина кој го зафати светот. Овој пат станува збор за накит кој

Пронајдете не на следниве мрежи: