Снежни врнежи на Балканот, вечерва и во Македонија!

Снежни врнежи денес го зафатија целиот Балкан.Во Босна и Херцеговина, во регионот на Мркоњиќ Град има интензивни врнежи на снег, а ветерот создава наноси и го отежнува сообраќајот на одредени патни правци.
Силен снег до крајот на денот се очекува и во источниот дел на земјата, додека во јужниот дел на Херцеговина е ветровито со силна бура и повремени снежни врнежи.
Поради снегот е отежнат сообраќајот на патните правци Сараево-Тузла, Тузла-Калесија, Бугојно-Купрес и патниот правец од Јајце кон Бања Лука.
Вчера првиот снег падна и во пониските делови на Хрватска, а синоќа и во делови на Далмација.
Во Србија засега на некои места има послаби врнежи на снег. На Копаоник снежната покривка достигна 24, а на Златибор четири сантиметри.
Според прогнозата на Хидрометеоролошкиот институт на Србија, денеска се очекуваат снежни врнежи и во пониските делови на земјата, а во текот на ноќта и формирање на снежна покривка и до 20 сантиметри во централниот и јужниот дел на СрбијаВо Босна и Херцеговина, во регионот на Мркоњиќ Град има интензивни врнежи на снег, а ветерот создава наноси и го отежнува сообраќајо

Пронајдете не на следниве мрежи: