Како да се издвоите од другите кандидати за интервју?!Некои луѓе секогаш имаат среќа на разговорите за работа. Ова се некои од помудрите потези кои тие ги преземаат, а кои ги издвојуваат од останатите кандидати.
1. Воопшто не се на пазарот на трудот
Во денешно време е сосема вообичаено потрагата за работа да почне онлајн.
Поголемиот дел од работните места кои се огласуваат и за кои работникот всушност се бара, се веќе пополнети. Тие податоци на интернет понекогаш не се доволно ажурирани – вели Никол Вилијамс, соработник во Ликедин, а според него само 18 отсто од оние кои се огласуваат се всушност вистински понуда.
Успешните кандидати преку огласите само собираат информации за компанијата, работењето, а потоа бараат познаници кои би им средиле за интервју за работа.
2. Времето го користат мудро
Времето кое е потребно личноста која интервјуира да одлучи дали ќе го прегледа CV-то и со колкаво внимание е се на се 6 секунди. Толку трае „скенирањето“ на кандидатот од што зависи понатамошниот тек на разговорот.
Менаџерите на фирмите во последно време задолжително го проверуваат Фејсбук профилот на кандидатите . „Душкаат“ низ сликите, непримерните постови и лајкови…
Кандидатите кои имаат прикачено слики кои јавно можат да се видат, почесто добиваат повик за интервју, како и оние со хумористични слики и постови. Сето тоа влијае на имиџот на работникот, како и на идната компанија во која ќе работи.
3. Го изразуваат ентузијазмот
Кога че добиете меил дека сте повикани на разговор за работа сепак не треба во следниот меил, сепак не треба во следниот меил кој ќе му го испратите на потенцијалниот работодавач да му одговарате со „смајли“.
Одговорете брзо, возвратете учтиво и деловно, но не и премногу интимно и срдечно. Успешниот „барач на работа“ пишува умерени, јасни и кратки реченици.Некои луѓе секогаш имаат среќа на разговорите за работа. Ова се некои од помудрите потези кои тие ги преземаат, а кои ги издвојуваат од останатите