Во предвечерјето на нај непосакуваните избори во историјата на демократијата, Македонија е во исчекување. „Добри гости“ ни доаѓаат од сите страни па така деновиве ги чекаме Хојт Ји, Хан, Хајндл. Се зборува за ненадејна посета на Нуланд, ново меме со мачиња на Ван Хојте и секако константни и катадневни лекции од амбасадорите Бејли, Герет и нивните sidekick другарчиња на „одмор“ во Македонија од амбасадорскиот Кор, како и нови лекции по бон-тон на тема „Зошто демократијата која важи во сите развиени земји на светот не е доволно добра за Македонија “ од симпатичната Коцијанчиќ. Светот се здружил драги мои за да не нахрани со демократија. Но не од она Premium brand демократија која си ја чуваат за по дома, туку некоја квази демократска бљувотина која упорно се трудат со лажиче, со сила да ни ја напикаат во уста. И да се заврши се. Без избори. Тоа е планот.Доаѓаме до стадиум на кризата во кој притисоците се толку јаки да на просечен македонски домаќин, граѓанин му доаѓа да дигне раце од се, сочно да опсуе и да си го бара чарето. Впрочем цела пропаганда со која не хранат веќе две години е на таа линија. Да се посее дефетизам, да се „замори“ гласачкото тело и закочи државата до тој стадиум да на обичен човек му се загорчи секојдневието до толку да само посака да запре се. Со било каков исход освен војна. Кога така фино ќе се измалтретира Македонецот, нему најверојатно и нема да му биде грижа кој и како раководи со него и во кој амбис го води а тоа е идеална прилика „избраните’ за владеење да ги запоседнат столиците во законодавната и извршната власт без минимум поткрепа од тоа од Македонскиот народ. Техничка, влада ќе ја наречат, експертска звучи уште пофраерски и подобро се продава а целта една и само една, НИЕ да не ја избереме таа влада. Целта е таа и ја надминува важноста кој ќе седи во таа влада и од која политичка опција ќе биде, се бараат корисни послушни идиоти за партиципација а конкурсот е отворен. Интервјуто се одвива по улиците на Скопје, наречено е шарена револуција во која секој ден човечки (дали ?) суштества си го уништуваат сопствениот град во име на демократија и правда. Доста идиотски нели? Е од тие редови треба да се изберат нај корисните идиоти, дел од нив веќе на добри , државно платени функции, кои ќе ја згаснат независна Македонија – без избори и секако вон секоја правна рамка позната на цивилизираниот и нецивилизираниот свет – нека почне експериментот!
Сега доаѓаме до клучното прашање, ЗОШТО? Што им пречи толку просперитетна и независна Македонија? Империјализмот е таква доктрина драги мои. Во империјализмот државите се излишни, договорите меѓу народи исто така. Империјализмот нуди брутална сила и му требаат територии преку кои ќе „прелетува“ и во нив ќе прави што сака согласно своите потреби без непотребни договарања со владите а уште помалку народите преку кои треба да ги оствари тие свои интереси. Глобализацијата е пропратна алатка на империјализмот преку која се наметнува трендот дека ништо што е локално, па дури ниту народот од конкретната територија со своите желби и потреби, не е битно и треба да се оди дури и на штета на сопственото добро во име на „повисока“ глобална цел. Убав setup за таа глобална игра монопол со живи суштества и судбини преку нивни територии. Тој монопол никогаш нема да се игра на територијата на Империјата, иако нејзините жители се доволно анестезирани за да не ја гледаат играта која во нивно име ја играат нивните главатари. Ќе ја видат кога како секоја друга Империја во светот ќе дојдат на залезот и сметките ќе треба да се платат. Но тоа изгледа далеку од оваа денешна перспектива. Гревот кој денес во 21-от век го плаќа Македонија е што се наоѓа на рутата на Империјалните интереси. И не само тоа. Македонија како држава за разлика од сите останати држави во регионот, по распадот на Југославија како ентитет, доживува задоцнето национално и државно формулирање. Доцниме, тоа е гревот. Додека останатите држави помалку или повеќе, крваво ги живееја сопствените национални приказни и дефинирањето на сопствените држави, Македонија беше оставена по страна, со привиден мир и веќе инсталирана полтронска врхушка т.е. неспособните наследници на бившата комунистичка партија, СДСМ. Во деведесетите години од минатиот век, Империјализмот немаше потреба да врши поголеми корекции во елитата на власт во Македонија бидејќи таа без прашање ги извршуваше валканите работи кои се кршеа врз грбот на Македонците. Империјализмот беше свесен за фабричката грешка вградена во младата Македонска држава и ги користеше слабостите на системот. Немаше потреба од договор, дозвола или било каква друга интервенција. Сменете знаме – бујрум ! Сменете име – Повелете. Примете 300.000 бегалци од Косово – завршено. Дајте им сега 150.000 на Албанци – нема проблем. Кажете дека се 25% без попис – кај треба да се потпише ! На вакво местење на газот, Империјализмот и онака не ја сметаше Македонија за држава а тукашните вазали беа многу корисни за сите валкани работи на штета на сопствениот народ. Агендата си тераше и сите, освен Македонскиот народ, беа задоволни. Комунистичката елита се разгоропади, задоволна од трошките на Империјата и замижувањето на нивните во собрание легализирани криминали со 120 кренати раце за криминалната приватизација, чудесно и со мали лузни го преживеа ( или беше спасена ) ТАТ и пирамидалните шеми, за во 2004, испрана од војна која зема животи ни држи предавања за како некои прашања не заслужуваат одговор и со тоа вгради уште еден дефект во телото на родната и напатена Македонија. Сето ова се смени 2006-та. На власт дојдоа луѓе желни за напредок и просперитет на сопствената држава, Република Македонија. Дали тие беа идеални? НЕ. Дали некогаш потклекнаа пред империјалните потреби? СЕКАКО. Но нивниот базичен грев е што посакаа Македонија да ја направат држава а не територија. Се додека Империјата беше сигурна дека оваа состојба ќе биде минлива како пролетна настинка, гледаше од страна. По 2008 и самитот на НАТО беше јасно дека за прв пат во историјата, Македонија сака да биде партнер – не черга. Гревот беше сторен. Дополнително, желбата за будење на националното достоинство, никако национализам, беше аларм дека со Македонија мора да се излезе на чистина и да се врати на полтронските, послушнички патишта.
Денес сме сведоци на расплетот на таа ситуација. Цел свет не сака да има избори во Македонија во догледна иднина. Демократите сакаат да ги заобиколиме демократските процедури за да можат да направат уште еден демократски експеримент врз грбот на Македонците и нивната држава. Македонија како држава мора да умре. Треба да стане безлична територија без идентитет и со население без етнички македонски репер, чиста статистичка категорија, бројка без корен. Корисните идиоти без чуство на гордост се тука. Шараат по Скопје. Тоа било демократски. Превртувајќи ја земјата на глава сакаат да ни кажат дека всушност така стоиме на нозе. Македонија мора да умре, мора да умре тивко и во сенка на сите глобални зла и војни за планетарна превласт на големите дечки. Македонија мора да умре тивко, зад грбот на сопствениот народ за да се исцртаат до крај контурите на новиот светски поредок во кој нациите се непожелни, само бројките важат.
Се обиделе и порано да ја убијат Македонија, но Господ и разумот секогаш биле тука, со нас и спречувале и поголеми Империи во своите намери. Ние како генерација сме должни, имаме историски аманет од нашите предци да опстоиме. По секоја цена. Грбот ни е свртен кон бездната, назад немаме каде. Да бидеме храбри, да докажеме дека никој не ни ја подарил државноста, да докажеме дека заслужуваме посебност, заслужуваме свое.
Господ нека ни е напомош, ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА
Пишува: Алекс Ванко
Писател, аналитичар, филозофДоаѓаме до стадиум на кр