СДСМ покажа и докажа дека од 1998 -2015 неможе да ја добие поддршката на народот и да биде Власт во Македонија, освен со војна и преку жртви и крв на македонскиот народ. Сакам да ги прашам предавниците и гробарите на македонскиот народ и Македонија? Како имате лице да се појавите пред македонскиот народ , пред мајките завиени во црно кои останаа без своите најмили, нашите херои кои го дадоа животот за нашата Македонија, токму од Вашите болни умови кои се здружуваат со ѓаволи кои преку лешови на нашите браќа и сестри сакаат да дојдат на Власт? За кое добро зборете? За кој патриотизам зборувате? Вие сте најголемото зло и најголемиот непријател на Македонија ? Вас не Ви е воопшто грижа ниту за овој народ ниту за оваа држава! Маските кои ги носите на загрижени патриоти тргнете ги дури ни за карневал немате потреба да ги носите, народот Ве знае многу добро што носите во вашите души. Крв, злоба, лицемерие, алчност…..2001 успеавте со вашите болни умови и полни сметки да ја уништите државата, народот, да ископате гробови на нашите македонци, за свои лични интереси и интересите на Вашите циашки, соросоови господари. Но овој пат Ви порачувам лично јас , дека нема да дозволам повторно да ја пиете крвта на македонскиот народ ЃАВОЛИ ЕДНИ -САТАНИ.
Слушајте Вие предавници, собрани во една политичка партија СДСМ! Очигледно дека и Вие како и вашите господари и наредбодавачи немате ама ни тронка човечко во Вас кога уживате да седите во закрвавените фотелји, за Вас воопшто не е важно дала загинале 100,1000, 10 000 невини луѓе, исто како и на вашиот Учител САД не му беше грижа за жртвите од малезискиот авион-целта беше да се прикаже дека Путин и Русија ги погодиле и убиле- а загинатите , нивните семејства, кој му е грижа за тоа тие за нив се обични,,камења“ фрлени за да се прикаже дека некој друг фрла карпа.
Сценариото е исто, актерите исти. Како човек-сведок ( тогашен помошник министер во МВР) кој за среќа сеуште сум жива, колку и да се трудев овој период да не дозволувам да ми се вратат сеќавањата на сите морничави сценарија кои ги гледав во 2001 година, сепак неможам да ги сопрам и ми се враќаат како на филмска лента.
Исто сценарио. Почеток-прислушување, објавување на монтирани материјали, предизвикани немири , прикажување на наводни цивилни жртви и почеток на војна за измислени човекови права.
Првата недела е т.н. пробна недела -да видат дали има простор и дали сега можат да го започнат нивното сценарио НАМЕТНАТА ВОЈНА.
Добро се сеќавам како во таа,, пробна недела тогашните коалициони партнери од ДПА Џафери и Тачи,седеа до челниците на тогашната власт и тврдеа дека тоа се терористички банди,јавно ги осудуваа, добро знам како и меѓународната заедница исто така во таа пробна недела, ги осудуваше и апелираше дека се загрижени и дека не ги поддржуваат насилствата. Во тој период од 7 дена треба да ја испитаат подготвеноста на одбранбените сили, на народот на ВМРО за да се справат со евентуална ,, војна“. За жал тогаш безбедносните институции немаа доволна опрема за одбрана, не фатија во момент кога уште се расправавме со последиците од бегалската гриза од Косово и не замајуваа со афери и прислушувања…Видоа дека има простор и го спроведоа сценариото, од кое раните сеуште ни се свежи и не ни се зараснати. И по пробната недела , истите тие од коалициони партнери, излегоа мртви ладни да кажат дека тие што до пред 5 минути ги именуваа како банди терористи од Косово , всушност биле борци за човекови прав и се борат за обесправените албанци. ПАЗИ МОЛИМ ТЕ!
Борците за човекови права всушност беа косовари од озогласените бригади, како и 113 бригада на муџахедините и членовите на сите Меѓународни организации и невладини организации кои всушност беа Командантите на УЧК.
Целта тогаш беше злосторничката организација, испостава на ОНА, која подоцна прерасна во политичка партија ОНА, да ја остварат странската платформа федерализација на суверената и унитарна македонска држава Република Македонија со крајна цел отцепување на дел од нејзината територија во функција на т.н. ,,Големо Косово“ како основа за т.н. ,,Голема Албанија“ А сето тоа под превезот на борбата за поголеми права на албанската националност во нашата земја. Сега покрај овие цели има уште една која Болните и мрачни американски умови не смеат да дозволат а тоа е ,,Турскиот“ поток и Русија.
Стратегиската цел е повеќе од јасна.
А Командатите на УЧК- мислам на оние облечените во скапи костуми наречени амбасадори, претставници на Еврокомисии, на Килибарни лисици, ЕМММ, ЕУ, Меѓународни кризни групи или поточно, Хавиер Солана, Џорџ Робертсон, Крег Џенес, Питер Фејд, Лероа, Леотар, Мајк Ајник, Клаус Фолерс, Хауард Такер, Макс Ван Дер Штул, Пердју, Хајнц Георг Керол и бројни….беа задолжени за да ги држат под своја контрола и да шпионираат директно од институциите и државниот врв за да ги координираат и да ги издаваат информациите и акциите кои ги планираат припадниците на безбедносните структури на РМ, за да ги пресретнат и да убиваат наши браќа и сестри.
Во МВР не смеевме да имаме состанок и активности без нивни претставник-кодош. Иако има многууу примери за нивни уцени и филмови на смирувачите или олеснувачите, како сакате, ќе ги истакнам само неколку…
Многу опасниот г. Пердју влезе во кабинет и со ногата преку нога како во кафана не погледнувајќи не ,без никаков поичит дека влегол во институција на држава, луто и остро се обрати : Какви Ви се тие волци, тигри, лавови, шкорпиони …. Веднаш да ги повлечете од терен сите тие животински царства“ На нашата бурна реакција тој само се сврте, стана и рече „Тука јас кажувам, не дојдов да Ве слушам или повлечете се што е припадници на Вашите животински царства или ќе видете што ќе Ве снајде“
Ништо подобри не беа ниту останатаите како Лероа на пример кој на состанок на сите тие мрачни умови со челниците на безбедносните сили каде им беше соопштена информацијата дека на тоа и тоа место има масовна гробница која според наши информации е од страна на УЧК ископана и се ставени тела од мртви борци на УЧК од Косово за да се прикажат како жртви на цивили од Македонија кои треба да ги прикажат како убиени наводно од страна на безбедносните сили на РМ. Бидејќи беа шокирани како тоа ние имаме таква информација, која тие повеќе од очигледно ја планирале заедно со терористите, гласно и остро извика дека додека тие не ни дале дозвола, замислете на наша територија, не смееме ништо да превземаме , во лутината се испушти и рече: Ако превземете акција пред да добиете дозвола од нас ќе видете колку жртви ќе имате, се сецна дека изусти нешто што не требаше, па рече опасно е може да бидете нападнатаи, ние да провериме. На ова нормално, изреагиравме сите и и акцијата беше спроведена, за жал вистина беа нападнати нашите структури(без жртви за среќа) за веднаш во секунда да ми се јави Олеснувачот Лероа за итен состанок на кој првиот збор му беше ,, Ви кажав јас“
Во Арачиново кога македонските безбедносни сили вршеа воздушен напад поради сознанијата дека има терористички групи во сите куќи со цел да го нападнат главниот град Скопје, хуманоста и почита кон нашите сонародници албанци кои беа само жртви,беше запазена и организиравме да бидат со автобуси извлечени од таму сите жени и деца…но и тогаш меѓународните мрачни умови смислија начин како да ги извлечат терористите па ги маскираа и облекуваа во женски облеки за да ги спасат нивните платеници. Среќа брзо се реагираше и беа фатени од нашата полиција.
Користејќи го слободно и воздушниот простор со хеликоптери на НАТО во кризните подрачја каде МВР водеше војна и немавме пристап, им доставуваа оружје на терористите и ги пренесуваа со бели комбиња на ЕУММ(Европска Мониторинг Мисија). На нашата реакција за сознанијата глумеа изненаденост и при очи не правеа слепи дека не станувало збор за оружје туку им носеле вода на жителите кои не можеле да излезат од своите домови, а белото коме немало налепница на ЕУММ туку биле новинари кои правеле репортажи. ИТН ИТН ИТН
Па потоа мораше да имаме Влада за спас, каде мораше да биде и СДСМ нормално дел .Зошто никој не знаеше? За Македонија не сработија ништо освен шпијунажа за да мрачното сценарио се круниса со срамниот Рамковен Договор и мираз ДУИ како нужно зло кое мора да биде дел од секоја Влада. Вие великомаченици од СДСМ тогаш убаво знам каде бевте и од каде ги следевте збиднувањата, од монденски места и од плажите на јужниот сосед, Истото и сега го правите. Ги испративте вашите фамилии да уживаат а го закрвувате нашиот народ еден против друг, брат на брат да крене рака! Под итно да си заминете од државата , бидејќи вие имате друга татковина,а тука во нашата мила Македонија местото ви е само и само во затвор да одговарате за велепредавство! Ние резервна татковина немаме секогаш сме биле и повторно сме на браникот на одбрана на нашата држава , и секогаш ќе бидеме во и со неа да ја браниме и од вас-домашни предавници и од сите кои сакаат да ни наметнат повторно војна.
Ви се обраќам на Вас Шпиони, кодоши, предавници од широки меѓународни размери, посебно на домашните на чело со Заев, Бранко, Шеќеринска, Шилегов и и нивното предавничко опкружување.
Сега не сме 2015 година. Сега немаме ваши поданици , странски вметнати структури во македонската владина структура, сега македонскиот народ добро знае да препознае кој ја сака својата држава кој работи против неа, сега имаме доброопремени и стручно образовани безбедносни структури и нема да се дозволи никаков удар на уставниот, правниот и безбедносниот систем на Република Македонија. Сега сме многу појјака држава со огромен економски развој. Држава со Влада и државен врв кој е далеку поподготвен да одговори на Вашите мизерни и болни предизвици кои докажаа дека пред се и над се им е важна Македонија и македонскиот народ.
Народе македонски, да не дозволиме повторно да дозволиме да не делат, распарчуваат, погазуваат! Да не дозволиме наши браќа и сестри да се закрвуваат, да не дозволиме да се копаат нови гробови. Да не дозволиме нашите мајки да ги завиткаме во црно и нашето знаме повторно да го натопиме со крв и солзи!
Нема цена, нема сила помоќна од коренот наш, од аманетот на нашите предци, да не дозволиме злобата, омразата , гневот да надвладее над нас!
Во овие чувствителни моменти, да бидеме сплотени , смирени и единствени . СИТЕ ЗАЕДНО ДА ИМ ДАДЕМЕ ГОЛЕМА ПОДРШКА на нашите безбедносни структури, нашите полицајци и војници, кои смело, храбро се борат за нашата татковина, се грижат за нашиот мир, за безбедноста на нашиот народ на нашите деца.
Извор: infomax.mk2001 успеавте со вашите болни умови и полни сметки да ја уништите државата, народот, да ископате гробови на нашите македонци, за свои лични интерес