Во последните две, три години мојата блог страна не ја користам многу, затоа што се што пишувам сакам да биде кратко, јасно и разбирливо и пренесено најдобро што може, па објавувам статуси на facebook или twitter, но мислам дека за ова ќе ми треба малку повеќе.Во последните три месеци го гледаме Зоран Заев како со разни „бомби“ удри по власта! Што докажа Заев?! Ништо! Министрите ни биле бесчуствителни?! Тоа што некој во недостаток на информации коментира за личност која што не ја знае за вас е проблем?! Како и да е, да се вратам на темата.
До 2011 Груевски и ВМРО-ДПМНЕ имаа поддршка од западните „демократии“ нивните псевдо институции. Од што се состоеше таа поддршка?! Од тапшање по рамо и празна реторика како „само продолжете“, „Македонија е на вистинскиот пат, продолжете со реформите“, „одитево вистинскиот правец“… Абе ние одиме ама каде е целта?!
На Груевски му е како ден јасно дека нити НАТО, нити Европската унија не носат работни места, работни места носат инвестициите, а за инвестиции требаат пари, каде во последната декада се повеќе ги има на истокот одколку на западот. На Груевски не му е битно од каде ќе дојдат инвестициите, битно е да дојдат! Дали капиталот ќе биде, британски, француски, амерички, руски, индиски или кинески, тоа воопшто не е битно, битно е дека ќе има нови работни места!
На Груевски не му е битно, но на америка и тоа како и е битно со кого тоа Груевски шурува а не се тоа они! Чашата ја прелеа ставањето на парав од македонска страна на проектот за изградба на гасоводот „турски тек“! Пред околу две години министерот Ставрески стави свој парав врз договорот за изградба на гасоводот „јужен тек“, но во меѓувреме односите на западот со Русија значително се влошија поради случувањата во Украина и обидот на САД да ја оттргне од влијанието на Русија и амерички пиуни да се вселат во рускиот двор!
Во октомври минатата годин Претседателот на Русија, Владимир Путин и Премиерот на Турција, Реџеп Таип Ердоган имаа средба на која се објави идеата за изградба на гасоводот „турски тек“, како алтернатива на „јужен тек“, бидејќи Романија и Бугарија под притисок на америка се откажаа од неговата изградба. Новиот гасовод треба од Русија преку Црното море да дојде до Турција, потоа во Грција, Македонија, Србија и Унгарија, а со тоа и во останатите земји од централна европа членки на ЕУ.
Одеднаш Заев искочи со некакви барања и со закани со некакви снимки кои што ги добил од странски служби! Тоа е точно, снимките се од странски служби, но не грчки туку амерички!
Во саботата бевме сведоци на директен терористички напат на терористичка група соголемина на најмалку два армиски вода врз Македонска територија. Искрено, не очекував нападот да се случи за време на викендот, мислев дека ќе почнат од денес или утре, се со цел до 17-ти полицијата да биде во хаос! Можеби така и ќе беше доколку полицијата немаше информација за тоа каде се стационирани терористичките групи и не превземеше превентивна акција! Исто така мислев дека главната ударна сила ќе бидат платеници на BLACK WATER, но изгледа дека е одбрана поевтината опција!
Сакам уште еднаш да ја повикам владата на САД и амбасадорот Бејли да ги тргнат рацете од Македонија, но и од Турција, Грција, Србија и Унгарија! Турскиот тек ќе се гради без разлика дали е или не е тоа во интерес на нивната држава!
Слава на паднатите херои за слободата на Македонија!
Преземено од: giannimkd.comВо последните три месеци го гледаме Зоран Заев како со разни „бомби“ удри по власта! Што докажа Заев?! Ништо! Министрите ни биле бесчус