Еден умен човек, еден од оние умни на чиј ум се воодушевуваме бидејќи ретко нивните зборови ги есапиме за вредни, веројатно затоа што не ги слушаме преку телевизија, или не ги читаме по колумни, туку онака во од ги восприемаме, што на пазарче, што во градски автобус, или на петминутната релација во такси. Е, токму еден таков умен човек неодамна во една реченица ми го дешифрираше кодот на Верушевски.А преку тоа веројатно и судбинскиот код на Македонецот. Иако со резерва го земав почеток на муабетот, затоа што се однесуваше на ова веќе патолошко секојдневие кое го демонстрира опозицијата, сепак неговата констатација ме воодушеви од проникливоста во суштината. Ми вели: “И ова ќе помине. Таква е нашата судбина. Родени сме 300 години пред ѓаволот. Ѓаволот кај нас бил чирак. Е таков народ сме ние.”
Зоран Заев за Македонија е исто што и Зоран (Јован) Вранишковски за МПЦ. Кој тоа не може да го види, има сериозен проблем со капацитетот на сопствената интелегенција. Ако пак Македонија тоа не успее да го препознае, тогаш ќе мора да го доживее. Живеењето на такви денови ќе биде еднакво на елементарна непогода. Земјотрес од 12 степени по рихтер.
Патот до тие денови Заев се обидува да го трасира како општ марш против злото, притоа свесно како подлога на тие чекори ја бетонира токму омразата. Чекорите по омразата никогаш и никаде не донеле слобода, туку го инасталирале судот на сопствениот водач во аксиома на живењето. Тоа секогаш и секаде го правеле личности кои верувале во сопствената заблуда во која живеат. Заробени во тој дух имаат параноична потреба својот затвор да го прошират во општествено-државен кафез. Таквите личности општеството секогаш ги отфрал. Некаде порано и навремено, некаде подоцна и со последици. Македнија ја има таа шанса тоа да го стори навремено, секако доколку некој не се потруди непотребно од тие ликови да направи жртва.
Она што е добро во приказната со Македонија е тоа што Заев ова го прави многу лошо. Јасно препознатливо. Единственото нешто што покрај сопствената заблуда го води Заев во нови сценарија од сериојалот “порничот и бомбите” е садистичкото маструбирање на неговите тврдоглви следбеници врз демаскирањето на политичкиот морал на поединци во власта. Но, тоа е доволно само за задоволување на ниските страсти кај сопствените партиски војнци. За масовна ејакулација врз власта е потребно многу, многу повеќе.
Заев тоа го гледа и затоа секојдневно се губи во сопствената приказна обидувајќи се да ја убеди јавноста во нешто во кое и тој самиот половично верува до пладне, а од пладне повеќе енергија троши во разубедување на сопствената потствест. Затоа и му се случува таа неконтролирана состојба на промена на ставовите во временски период и од неколку минути. Еден банален пример тоа јасно го покажува. Еве на следната прес-конференција нека смогне сили за концентрација и да одговори на просто прашање. Кој е најмногу следен во Македонија?
Под А, Зоран Заев, став соопштен на 9-ти февруари со околу 300 разговори. Под Б, Драган П. Латас, став соопштен една недели подоцна, со образложение дека власта не му верува. Или под Ц, Никола Младенов, став соопштен една недела подоцна, на четвртата прес-конференција. Поважно од одговорот на ова прашање е времетраењето на тој одговор. Но, да почнеме од нешто.
Или кој денеска уште верува дека прислушувањето го организирала власта, а матерјалите во милиони фајлови стасале кај Заев од загрижениете граѓани на кои веројатно им пукнал филмот од сознанието за мазохистичките капацитети на Мијалков и Груевски секојдневно да уживаат во оговарањето од сопствените најблиски соработници.
Мислите дека се уште некој верува во лековерната приказна за масовно прислушување и следење на 26.000 граѓани? Во тоа не веруваат ниту најполтронските медиумски поддржувачи, кои “бај да веј”, во не дај боже утрешната “Земја на слепите”, каде повредно од сочна шницла е корка бајат леб, ќе бидат неговите први жртви. Во државата на македонскиот Торн, во чие инсталирање главна улога ја имаат и тие, кодот на Верушевски ќе биде легален влез во сечиј живот. Сето тоа педантно ќе биде евидентирано во институционалзираниот регистер на прислушкувани. Каде секој ќе може да си го изнајми разговоорот кој сака да го слуша.
Ве молам разговорот број 37!
Марјан Николовски – НовинарА преку тоа веројатно и судбинскиот код на Македонецот. Иако со резерва го земав почеток на муабетот, затоа што се однесуваше на ова веќе патолошко