Александра Алекс Грујиќ – Колумна: Угодете си себе си, направете луксузна купка!

Дојдете со мене на едно фантастично модно патување. Ќе ве воведам во многу интересни модни приказни, случувања и совети. Денешната тема за која ќе зборуваме е како да си угодите себе си и да направите прекрасна луксузна купка.Според изразено луксузните брендови со широк спектар на квалитетни производи за нега на тело,имате можност да се негувате, и да направите луксузна купка, дури и со помош на многу едноставни и достапни намирници. Не верувате? Погледнете неколку рецепти кои ви ги препорачувам:
– Купка со цветови од лаванда
Оваа купка е идеална за пред спиење бидејќи има смирувачки ефект.
Ставете околу 30 цветови на лаванда во вода за капење (или наместо тоа употребете 20 капки од есенцијално масло од лаванда). Температурата на водата треба да биде од 28 – 30 степени целзиусови. За да ги потенцирате позитивните ефекти на купката, на дофат на рака ставете сад со многу врела вода. Во водата потопете памучна крпа или пешкир за лице. Потоа исцедете ја добро, истријте го делот од телото каде обично се акумулира напнатоста: вратот, рамената, стапалата. По капењето завиткајте се во домашна наметка и уживајте.
– Купка со рузмарин
Оваа купка е идеална за будење и полнење на батериите пред почетокот на напорниот работен ден.
Земете ги игличките на 5-6 гранчиња рузмарин, ставете ги во сад наполнет со 1 литар вода. Вријте ја водата, а кога ќе зоврие оставете јауште една минута. Водата со рузмарин истурете ја во кадата па додадете 2 кафени лажички цимет во прав. Во замена на свеж рузмарин можете да користите 15 капки масло од рузмарин. И 5 капки есенцијално масло од цимет. Температурата на водата треба да биде највеќе 28 до 30 степени целзиусови.

 
– Купка со ружа и млеко
Смирувачките својства на ружата во комбинација со омекнувачкото делување на масното млеко, површински ја заштитува кожата. Ваквата купка е одличен избор кога кожата ви е црвена или осетлива. Одвојте ги ливчињата на ружата а потоа ставете ги во водата во кадата, па потоа додадете  еден литар полномасно млеко . Температурата на водата треба да биде од 28 – 30 степени.
Ако црвенилото се појави само на определен дел од телото (рамена, деколте….), додека уживате во купката, соберете ги ливчињата и ставете ги на надразнетиот дел од телото како облога. По бањата на кожата ставете производ кој содржи витамин К. Таквите производи имаат смирувачко дејство.
– Купка на база на мед
Доколку сакате да имате убава и мека кожа, потребно е да користите купка на база на мед и млеко., бидејќи овие две намирници совршено се дополнуваат. Млекото содржи повеќе од 100 природни супстанци за нега на кожата, а најважни се витамините А и Е, кои го одржуваат младинскиот изглед на кожата. Загрејте литар ипол  млеко и додадете една лажица мед, потоа сето тоа истурете го во водата за капење. Уживајте и опуштете се 20 минути, а потоа само нежно избришете ја кожата без многу триење. Не користете сапун за да не ги отстраните драгоцените супстанци кои ја негуваат кожата.Според изразено луксузните брендови со широк спектар на квалитетни производи за нега на тело,имате можност да се негув

Пронајдете не на следниве мрежи: