Александра Алекс Грујиќ- Колумна: Совети за нега на кожа

Секоја девојка за да биде убава, сензуална и женствена мора да има извонредно нежна кожа. Кожата е најголемиот човечки орган и заслужува да и посветите многу внимание и нега. Ќе ве поведам на неколку чекори преку кои ќе стигнете до совршена кожа.Депилација
За кожата да биде нежна, таа првенствено треба да биде убаво издепилирана. Редовно посетувајте салони за нега на телото во кои вештите раце на козметичарките убаво ќе ве издепилираат. Доколку не сакате да посетувате салони, процесот на депилирање направете го сами дома со оваа широка лепеза на производи. Депилацијата можете да ја направите користејќи спрејови, креми, восок или пак ленти за депилација. Топло ви ги препорачувам производите за депилација Veet. Тие се многу ефикасни но и истовремено нежни према вашата кожа, а при тоа убаво мирисаат, па ќе се чувствувате пријатно во текот на депилирањето. Исто така, постојат одлични електрични производи за депилација. Станува збор за епилатори. Најпопуларни брендови на епилатори се: Braun, Panasonic и Philips. Негата после депилирањето е од големо значење. Депилираниот дел можете нежно да го потапкате со памук кој сте го натопиле во вода од роза. Оваа вода е одлична за ублажување на иритација на кожата, а можете да ја пронајдете во секоја аптека. Можете да се негувате и со лосион или хидратантни креми. Важно е и да нанесете пудра на нежните делови од кожата која е депилирана која ќе ја смири иритацијата.
Во денешно време се поголем број на мажи се депилираат. Тоа е одлично. Освен одличниот изглед на кожата кога е издепилирана, имајте на ум дека депилирањето го намалува задржувањето на бактериите на вашето тело. Процесот на депилирање како и негата важат и за жените и за мажите.
Купка
Направете си смирувачка купка, уживајте и негувајте се. Постојат многу одлични производи од кои можете да си направите купка. Ви ги препорачувам мирисливите пени, соли како и масла за бањање. Брендот  Lush се занимава со производство на преубави сапуни, соли, кугли за бањање, пилинг, маски за тело и многу други миризливи производи. Секако, морам да ги напоменам и висококвалитетните и луксузни купки на брендовите како што се: Dion, Chanel, Elizabeth Arden, Jil Sander, Yves Saint Laurent, Ellen Betrix, betty baralay, Naomi Campbell, Giorgio Armani, Yves Rocher  и многу други. Квалитетот и мирисот на овие производи се магични. Уживајте во топлите купки. Но, на крајот на вашето уживање, пред да излезете од када, туширајте се наизменично со топла и ладна вода. Тоа ќе ви ја подобри циркулацијата, зацврсти кожата и ќе ја спречи појавата на целулитот.
Креми, лосиони, масла и путери за тело
Негата на кожата со креми, лосиони, масла и путери за тело е неизбежна ако сакате да имате блескава и нежна кожа. Сите овие производи во рамките на брендовите кои ги напоменав се фантастични за нега на кожата. Имаат одличен квалитет и луксузен мирис. Размазете се себеси, уживајте и негувајте се. Кремите и лосионите треба да бидат неизоставен дел од секојдневната нега. Кога користите масло за тело, најдобар ефект ќе постигнете ако го нанесете на влажна, претходно истуширана кожа. На тој начин кожата ја задржува влажноста и станува нежна. Путерот за тело е идеален козметички производ кој ќе ја направи вашата кожа блескава и свилена.
Масажи
За вашата кожа да биде убава, негувана, цврста, а вашето тело релаксирано, практикувањето на масажи е задолжително. Постојат многу видови на масажи. Во зависност од вашите потреби, одберете масажа, опуштете се и уживајте во ароматичните масла и вештите раце на масерката. Масажата е одлична во борбата против целулитот.
Физичка активност
Постојат многу физички активности, но едно е сигурно- секоја од нив помага на вашето здравје, обликување на телото и нега на кожата. Многу е важно да го имате тоа на ум. Во текот на вежбањето вашето тело ги исфрла токсините и сите штетни материи, мускулите се обликуваат, а вашата кожа се затегнува.
Исхрана
Исхраната е многу важна за убава и здрава кожа. Јадете овошје и зеленчук и избегнувајте слатки, газирани сокови и останата нездрава храна. Внесувајте што повеќе течности преку вода, чаеви и природно цедени сокови. Витамините од овошјето и зеленчукот се одлични за кожата. Намирниците како лимон, портокал, лубеница, морков, краставица и домат се полни со витамини кои се неопходни на кожата за свежина, еластичност и убав тен.
Сон
За вашата кожа секогаш да изгледа свежа, особено таа на лицето, неопходно е да спиете минимум 8 саати на ден. Пред да си легнете, слушајте смирувачка музика, читајте некоја книга и опуштете се. На тој начин ќе избегнете стресни ситуации кои можат да доведат до несоница или лош сон. Ако се разбудите со отечено лице или очни капаци, ви советувам маска од банана. Изгмечете една банана(што позрела) и нанесете ја на лицето. Оставете ја така 20 минути, а потоа измијте го лицето. Исто така, во сите подобро снабдени козметички продавници можете да купите маска за лице која треба да ја чувате во фрижидер. Ваква маска е идеална за намалување на отокот. Го смирува лицето и го лади и го намалува проблемот на отекување.Депилација
За кожата да биде нежна, таа првенствено треба да биде убаво издепилирана. Редовно посетувајте салони за нега н

Пронајдете не на следниве мрежи: