Хомосексуалците во времето на комунизмот

„Kомунизмот и хомосексуалноста не се лекуваат!“ Оваа фраза ја повторувале хомосексуалците, кога, откако биле уапсени, надлежните органи ги праќале да работат во фабрики и насила сакале да им го „зголемат нивото“ на машки хормони за да ги „откажат од штетните навики“.Но, на историски план се покажа дека односите помеѓу нетрадиционалните сексуални ориентации и комунистичките идеи се прилично контрадикторни.
Уште од своето појавување, марксистичкото движење се залага за правата на хомосексуалците.
Во XIX век, германската Социјалдемократска партија решително ги поддржува хомосексуалците. Општиот германски работнички сојуз предводен од Фердинанд Ласана, за првпат ја истакна својата позиција по ова прашање, кога адвокатот Јохан Баптист фон Швајцер е суден и лишен од правата на работа, бидејќи се занимава со содомија.
Ласана не само што го заштитил Швајцер, но и го прифатил во Унијата. Подоцна, во 1863 година, по смртта на Ласана, самиот Швајцер предводи организацијата и стана член на Рајхштагот. Долго пред да ја преземе власта, на своите конгреси руските болшевици дебатираат за „сексуалноста и сензуалноста“ и дури му порачале на Лав Троцки да развие нова теорија за односите меѓу половите по револуцијата.
Во 1904 година, Ленин пишува дека „разбивањето на чувствителноста на духот и пренасочувањето на неговата енергија од псевдосемејните вредности ќе помогне за победа на социјализмот.“ И всушност, веднаш по Октомвриската револуција во Русија, Ленин ги укинува царските закони кои предвидуваат построги казни за содомитите, како што во тоа време ги нарекувале хомосексуалците.
На овој начин, Советскиот Сојуз станува првата земја во Европа, каде што тие не се прогонувани. Според современите историски истражувања, причината за овие реформи е многу елементарена – водачот на пролетаријатот, а и некои од неговите најблиски соработници во болшевичката партија биле со такви склоности.
Како што открива рускиот историчар И. В. Соколов, неприродната врска помеѓу Ленин и Зиновиев започнува уште од периодот кога двајцата се имигранти во Швајцарија. Токму таму ги открила и Надежда Крупскаја, сопругата на Ленин.
По овој непријатен случај, „кога таа конечно ги фатила на дело“ (според зборовите на Зиновиев), меѓусебните средби не ги прекинале, но морале да бидат повнимателни. Се разбира, Крупскаја се сомневала дека тие продолжиле да се гледаат, но била принудена да трпи.
Ленин и Зиновиев се сретнале и во Франција, Австрија, во Полска. По февруари 1917 година тие двајцата, Надежда Крупскаја и Инес Арманд заедно со десетици други болшевици пристигнуваат со пломбиран вагон под германска стража во Русија. На 8 јули, Сталин и Алилуев ги придружуваат Ленин и Зиновиев до станицата Разлив, на 34 километри од Петроград.
Ленин и Зиновиев отпрвин се сместуваат во вилата на работникот Емељанов.
Наскоро Емељанов одлучил дека во вилата е опасно да се гледаат бидејќи соседите можат да видат Ленин и Зиновиев и да разгласат за нив. Затоа, ги сокрил на еден остров на езерото Разлив и таму им опрема спална соба во една колиба.
Жената и синовите на Емељанов им носеле храна. Ленин и Зиновиев живееле заедно во текот на целиот месец и според рускиот историчар, таму Ленин уживал во галењето на „драгиот пријател“.
За првпат, статијата на Соколов со љубовната преписка помеѓу Ленин и Зиновиев е објавена во 1996 година во весникот „Русский взгляд“ бр.3, под наслов „Ленин – бесилка на рускиот народ и обичен п**ер“.
Историчарот ја објавува пронајдената љубовна белешка во архивата на Зиновиев пратена од Ленин.
Писмото е напишано уште на 1 јули, 1917 година:
„Григориј! Околностите ме натераа веднаш да избегам од Петроград. Подалеку да заминам не е можно, бидејќи работата не дозволува. Пријателите ми нудат едно место кое е сосема безбедно. Но, така досадно е да бидеш осамен, … дојди кај мене и двајцата ќе поминеме неколку чудесни денови далеку од сето тоа… Ако можеш да се видиш со мене, телефонирај ми брзо – ќе дадам упатства да подготват сè за две лица.“
Зиновиев, се разбира, веднаш се согласил.Но, на историски план се покажа дека односите помеѓу нетрадиционалните сексуални ориентации и комунистичките идеи се прилично контрадикторни.

Пронајдете не на следниве мрежи: