Набавката на украдени или фалсификувани пасоши на „дарк нет“ (интернет на кој се наоѓаат недозволени страници) не е тешка, но исто така не е ни евтина.Лажните или украдени пасоши можат да чинат до неколку илјади долари, во зависност од квалитетот и државите од кои „доаѓаат“ патните исправи.
Најскапиот пасош на црниот пазар на интернетот, сепак нужно не е ни најмоќен.
Американскиот портал „Вокатив“ ги анализираше цените на фалсификуваните и украдени пасоши, кои се продаваат на 13 страници на „dark net“.
Тие дошле до заклучок дека најскап е данскиот пасош и тој чини 4.017 долари. Данските патни документи, сепак, не се најкорисните и се рангирани на четвртото место во индексот на пасоши (база на податоци врз основа на бројот на земји кои лицата што ги поседуваат, може да ги посетат без виза).
Овој индекс ги рангира американскиот и канадскиот пасош како најдобро рангирани, бидејќи со нив можете да посетите 147 земји без виза. Највисоката цена за американски пасош е 2.057 долари, што го става на 13 место, додека пак, лажен или украден британски пасош е петти најскап со максимална цена од 3.490 долари.
Постојат различни причини зошто помалку „моќните“ патни документи се повредни на црниот пазар, но експертите сметаат дека можеби тоа има врска со потешкотиите при фалсификување на „сложените“ пасоши и нивната достапнот.
Тајланд се издвојува како една од водечките земји која обезбедува украдени или фалсификувани пасоши, а кражбата на патни исправи во оваа држава се смета како „вообичаена појава“, пишува Гардијан.
Ова се најскапите пасоши на црниот пазар:
Данска – 4.017 долари
Белгија – 3.637 долари
Холандија – 3.637 долари
Обединето Кралство – 3.490
долари Франција – 3.490 долари
Шпанија – 3.490 долари
Русија – 3.013 долари
Литванија – 2,964 долари
Австралија – 2.677 долари
Канада – 2.677 долари
Германија – 2.677 долари
САД – 2.057 долари
Финска – 1.981 долари
Норвешка – 1.850 долари.
Во времето на поранешна Југославија, лажниот или украден пасош на некогашната југословенска држава бил трет на светот по јачина и чинел 1.000 марки.Лажните или украдени пасоши можат да чинат до неколку илјади долари, во зависност од квалитетот и државите од кои „доаѓаат“ патните исп



