Зошто христијаните НЕ ГО СЛАВАТ БОЖИЌ во ист ден?

За христијаните ширум светот, Божиќ е еден од најголемите празници во годината. Тогаш целото семејство се собира околу заедничка трпеза, непријателите се смируваат, а постоеле и случаи кога дури и војни биле прекинувани само за да можат војниците да го прослават овој ден.Сепак, иако сите христијани се согласуваат околу симболиката и значењето на Божиќ, околу датумот на неговото прославување постојат несогласувања.
За поголемиот дел од светот, денес е Божиќ. Меѓутоа, верниците од православна вероисповед ќе го прослават овој ден на 7. јануари.
Како дојде до оваа поделба?
Божиќ е христијански празник со кој се прославува раѓањето на Исус Христос. Иако поголемиот дел од модерните историчари сметаат дека годината на раѓање на Исус Христос би можела да биде во опсег помеѓу 7. и 2. година пред новата ера, точниот датум на неговото можно раѓање е всушност непознат.
До средината на 4. век, западните христијански цркви прифатија Божиќ да се одбележува на 25. декември, а тоа подоцна било усвоено и на Истокот. Овој датум веројатно е избран за да се совпадне со некој од древните пагански фестивали коишто се случувале околу краткоденицата.
Разликата е во календарите.
Грегоријанскиот или „нов‟ календар е наречен по папата Гргур 13, кој го вовел со папска була во 1582 година. Тој календар веднаш го прифатиле Италија, Полска, Португалија и Шпанија, а набрзо и останатите католички земји.
Протестантските земји го прифатиле Грегоријанскиот календар многу подоцна, а православните дури во 20. век. Меѓутоа, Јулијанскиот календар кој го вовел Јулије Цезар во 46. година пред новата ера и кој од Грегоријанскиот се разликува за 13 дена, и денес го користат некои национални православни цркви, меѓу кои се македонската, српската и црногорската.

Божиќ според Јулијанскиот календар на 7. јануари го слават и руската и грузиската православна црква, Ерусалимската патријаршија, Коптите и некои манастири на Света Гора во Грција.
Новиот календар го прифатија грчката, романската, бугарската православна црква, но тие не го прифатија грегоријанскиот календар, туку ревидираниот или реформиран Јулијански календар, по предлог на научникот Милутин Миланковиќ.
Календарот на Миланковиќ настанал во 1923 година. Со него за многу православни цркви е прекинат 340 години расчекор меѓу Јулијанскиот и Грегоријанскиот календар, кој во меѓувреме стана меѓународен календар.
Календарот на Миланковиќ важи за попрецизен од Грегоријанскиот, бидејќи според него до 2800 година не би дошло до никакво разидување со стариот календар.
Според Грегоријанскиот календар, сегашната разлика од 13 дена во однос на Јулијанскиот, во 2100 година би се зголемила на 14 дена. Разликата меѓу двата календари е во тоа што Грегоријанскиот има 97 престапни години во секои 400, а Јулијанскиот има 100.
Според Јулијанскиот календар, престапна е секоја четврта година, додека со Грегоријанскиот календар е воведено т.н. секуларно правило во кое годините деливи со 100 се секуларни т.е. обични години, освен ако се деливи со 400, кога се престапни.
На пример, 1700, 1800, 1900 и 2100 година се престапни според Јулијанскиот, а обични според Грегоријанскиот календар.Сепак, иако сите христијани се согласуваат околу симболиката и значењето на Божиќ, околу датумот на неговото прославување постојат несогласувања.

Пронајдете не на следниве мрежи: