Чај за свекрвата: Поучна приказна која ќе ве научи на многу важна лекција!

Девојката наречена Ли-Ли од Кина, се омажила и отишла да живее кај својот сопруг и неговата мајка. За кратко време, Ли-Ли сфатила дека нема шанси да живее во мир со свекрвата.Ли-Ли и нејзината свекрва не престанувале со кавги и расправии. Фактот дека Ли-Ли според древните кинески обичаи морала да се покорува, уште повеќе ја отежнувало состојбата.
Поради овие кавги и неслога во домот, сопругот на Ли-Ли ужасно страдал. На крај, Ли-Ли повеќе немала сила да го издржи лошиот карактер на свекрвата, па решила што побрзо да преземе нешто.
Отишла кај еден познат билкар по име Хуанг. Му ја раскажала ситуацијата и побарала да ѝ продаде отров, за да може да го реши проблемот. Хуанг се замислил и рекол:
„Ли-Ли, ќе ти помогнам да го решиш својот проблем, но мора добро да ме сослушаш и да го направиш она што ќе ти кажам“. Ли-Ли се согласила.
„Можеш да употребиш отров кој брзо делува, но тоа ќе предизвика сомнеж кај луѓето. Затоа, ќе ти дадам повеќе тревки кои полека ќе го трујат организмот на твојат свекрва. Секој втор ден треба да правиш вкусен оброк, во кој ќе додадеш од овие тревки. Мора да внимаваш никој да не се посомнева во тебе кога ќе умре, па затоа треба да бидеш внимателна и да го смениш однесувањето кон неа. Биди љубезна. Немој да се караш, попуштај, слушај ја како да е кралица.“
Ли-Ли била пресреќна. Се заблагодарила и побрзала дома за да започне со нејзиниот план за убиство. Поминале четири месеци…
Ли-Ли секој ден ѝ сервирала на свекрвата вкусен оброк зачинет со тревки. Цело време на ум ги имала зборовите на билкарот кој ѝ нагласи дека мора да го избегне сомнежот и затоа мора да биде многу љубезна кон свекрвата. По четири месеци атмосферата во домот била многу поинаква. Ли-Ли научила добро да се контролира и повеќе не се лутела ниту била нервозна. Немала ниту една причина за тоа од страна на свекрвата во последните месеци.
Свекрвата била многу понежна, па обостраното разбирање навистина се забележувало. Нејзиното однесување кон Ли-Ли се сменило и почнала да ја сака како родена ќерка. Ли-Ли еден ден отишла повторно кај билкарот и го замолила за помош. Барала од него лек за да го спречи отровот.
„Таа е сега прекрасна жена и ја сакам како мајка. Не сакам да умре од отровот што ѝ го давав“, рекла Ли-Ли.
Билкарот ѝ одговорил: „Никогаш не ти дадов отров. Тоа беа витамини кои го подобрија нејзиното здравје. Единствениот отров беше во твоето срце, но сега и таму го нема!“
Има една кинеска поговрока: Човекот што ги сака другите, е човек што е сакан од другите!Ли-Ли и нејзината свекрва не престанувале со кавги и расправии. Фактот дека Ли-Ли според древните кинески обичаи морала да се покорува, уште повеќе

Пронајдете не на следниве мрежи: