Шампањското може да ве заштити од оваа грда болест!

Добра вест за сите љубители на шампањското. Еве зошто овој пенлив напиток  би требало да го пиете три пати неделно, само поради здравјето!Резултатите од нова судија покажале дека фенолните соединенија кои  се наоѓаат  во шампањското имаат  благотворно дејство на здравјето и можат  да спречат дегенерација на нервниот систем при стареење.
Студијата е спроведена врз стари  глувци кои биле поделени  во две групи- на првата групоа истражувачите им давала шампањско во период од шест недели, три пати неделно  како суплемент, додека на другата група не и давале.
Кај глувците кои конзумирале шампањско забележано е  подобрување во меморијата, па тие подобро се саноѓале во лавиринтите, што  научниците го поврзале со фенолните соединенија кои како  антиоксиданс го штитат организмот од дегенеративни промени.
Сепак, да веруваме дека шампањското може да им помогне на лицата заболени од, на пример, Алцхајмерова болест би било премногу едноставно објаснување кое и нема многу голема врска со реалноста.
Шампањското не е никаков еликсир на младоста, а фенолните соединенија можат да се најдат и во  кафето, чајот, грозјето, боровинките, кивито, сливите, чрешите, цитрусното овошје, црвеното  вино, пченката, пченицата и многу други намирници. Одредена количина фенолна киселина присутна е и во човековата урина.

 
Истражувањето покажало дека мали дози фенолна киселина директно влијае на хипокампусот, дел од мозокот поврзан со складирање на нови информации. Сепак, тоа не значи дека овие соединенија имаат  исто влијание врз луѓето.
Во блиска иднина ќе настојуваме да ги примениме овие сознанија на луѓето. Ова е постигнато и со други намирници богати со  полифеноли, како што се боровинките и како, а веруваме како и умерени дози шампањско можат да помогнат“, рекол доктор Дејвид Ваузоур, еден од научниците во оваа студија.
Резултатите од нова судија покажале дека фенолните соединенија кои  се наоѓаат  во шампањското имаат  благотворно дејство на здравје

Пронајдете не на следниве мрежи: