Колку пати ви се случило да не можете да се сетите каде сте ги оставиле клучевите или документите, или пак сте заборавиле нечие име и презиме? Доколку често ви се случуваат вакви работи, пробајте го овој наједноставен трик, кој навистина делува.Најновото истражување, објавено во книга која се занимава со криминална психологија, потврдило дека за само 30 секунди можете да ја подобрите меморијата и да се потсетите на најмалите детали кои секојдневно ги заборавате. Во истражувањето учествувале луѓе на возраст од 20 до 60 години, а нивната задача била да гледаат краток филм и потоа да се потсетат на што е можно повеќе детали од филмот.
И додека една половина од испитаниците го презентирале одговорот со отворени очи, другите ги затвориле очите и по 30 секунди одговориле на истото прашање. Оние кои одговарале по 30 секунди одморање на очите, успеале да набројат речиси 30 проценти повеќе детали од филмот и тоа неколку пати по ред, вклучувајќи ги и звучните ефекти и конверзацијата. Експертите велат дека објаснувањето е многу едноставно.
Имено, кога ќе ги затворите очите го исклучувате мозокот од надворешните влијанија кои ви пречат во размислувањето. На тој начин мозокот станува фокусиран исклучиво на задачата која му е поставена.Следниот пат кога ќе заборавите, на пример, каде сте ги оставиле клучевите, застанете за момент, затворете ги очите, и детално “пребарајте” низ мозокот.
Најновото истражување, објавено во книга која се занимава со криминална психологија, потврдило дека за само 30 секунди можете да ја подобрите мемор



