Дури и врз основа на изгледот на прстите може да дознаете нешто повеќе за карактерот на одредена личност.Иако многумина тврдат дека тоа е невозможно, експертите испитале група луѓе со сличен облик на прсти и заклучиле дека одредени карактеристики се повторуваат кај лицата коишто имаат слични или исти прсти.
Прочитајте каков тип на личност сте врз основа на вашиот показалец.
Им се восхитувате на луѓето со полни усни? Но, дали знаете какви особини кријат? Прочитајте повеќе на следниот ЛИНК
ТИП А
Имате големо срце и им помагате на другите. Ќе ја извршите било која задача, иако не ви се допаѓа. Сакате да се смеете. Ладни сте кон луѓето со кои не сте блиски, но сте силно и емотивно врзани за семејството. Ги криете чувствата и мелахнолични сте. Често се претворате дека сте силни и независни, отколку што навистина сте.
Вие сте емотивен тип и супер сте кон оние коишто одлично ве познаваат. Фер сте и мразите лаги, лицемерие и измами.
Дали сте знаеле дека и обликот на носот го открива карактерот? Во комбинација со оваа вест, можете многу повеќе да дознаете за вашиот карактер и како луѓето ве доживуваат. Прочитајте повеќе: Обликот на носот го открива вашиот карактер!
ТИП Б
Кога ќе одлучите да направите нешто, се трудите да го завршите до крај. Се плашите да бидете повредени и се претворате дека сте добро и кога не се чувствувате така. Останувате мирни дури и кога се чувствувате незгодно поради некоја ситуација. Изгледате како силна и независна личност која секогаш зборува остро, иако имате меко срце. Сакате да фантазирате и сонувате за некоја личност која ќе ве разбере, сака и ќе ви пружи сѐ што ќе посакате. Лојални сте. Кога ќе се вљубите во некого, таа личност ја има вашата поддршка, внимание и секогаш мислите на неа. Вие сте всушност многу чувствителни, иако не изгледате така.
Обликот на лицето исто така може да открие нешто за вас. Дознајте повеќе: Лицето на дланка – обликот открива многу нешта за вас!
ТИП В
Вие сте ексцентрични и арогантни. Не можете да поднесете многу работи. Во суштина сте мирољубиви и избегнувате конфликти. Добро сте организирани и сакате добро да се сложувате со сите. Во врските сте верни и нежни кон саканата личност. Вие сте вистинска романтична душа и често му се препуштате на фантазирањето. Перфекционисти сте. Ги сакате луѓето и главно се согласувате со нив. Имате огнено јадро во себе коешто го потиснувате, но може да биде опасно доколку се ослободи.Иако многумина тврдат дека тоа е невозможно, експертите испитале група луѓе со сличен облик на прсти и заклучиле дека одредени карактеристики се по


