Мистеријата е решена: Еве како навистина изгледа лицето на Мона Лиза!

По ова откритие, сликата на Мона Лиза ќе биде уште поголема атракција.Со векови научниците и набљудувачите се обидуваат да ја откријат насмевка на Мона Лиза: Дали таа навистина се смее или  сепак е намуртена?
Дали навистина на сликата е една жена или пак уметникот си поиграл со сопствениот лик?
Додека ја сликал Мона Лиза на Леонардо да Винчи се обидел да внесе живот во неа и дефинитивно успеал во тоа. Сепак, денешните уметници се обидуваат неговата идејата да ја однесат еден чекор напред.
Благодарение на технолошкиот напредок, можеме да уживаме во Мона Лиза како никој претходно.
Оваа интерактивна верзија на сликата на Мона Лиза може да ја врти главата, да дише, да се смее или да се мурти.
 Проектот во Франција наречен„Жива Мона Лиза“ користи вештачка интелигенција и ги трансформира боите од сликата, во вистинско движечко уметничко дело.
Целта на уметникот е да ни овозможи да ја видиме девојката на сликата, како што Леонардо да Винчи ја гледал во времето кога го цртал овој портрет.
Со помош на сензори, оваа интерактивна слика ги следи движењата во просторијата и реагира со промена на расположението. За разлика од оригиналот, што е во Лувр, дигитализираната верзија  може секој љубител да ја понесе со него.

Тимот на авторите на проектот, дури 40 од нив, планираат да произведат дигитализирани слики во различни големини и форми … дури и во форма на приврзок за клучеви. Креаторот на проектот Florent Aziosmanof верува дека на овој начин Мона Лиза ќе биде во можност да направи промените во секоја животна средина.
– Семиот Леонардо сакал таа да изгледа живо, и ние само ги придвиживме неговите намери еден чекор напред.
Ова е првенствено уметнички проект, кој има за цел да му овозможи на секој да биде сопственик на ремек-дело – изјавил Aziosmanof. 
Експертскиот тим ќе работи на тоа карактерот на Мона Лиза да се развива, промена и напредува. На прашањето дали дигитализираната уметноста е чекор напред или назад одлучете сами, делото на Винчи останува отворен предмет за субјективно мислење.
Погледнете го видеото:
Со векови научниците и набљудувачите се обидуваат да ја откријат насмевка на Мона Лиза: Дали таа навистина се смее или  сепак е намуртена?

Пронајдете не на следниве мрежи: