Сирењето е одговорно за едно од НАЈГОЛЕМИТЕ ЧУДА во историјата на човештвото!

Сите знаеме за сирењето. Но, колку всушност знаеме за овој млечен производ кој се појави како резултат на нечие охрабрување, поради кое засекогаш се смени човештвото?Приказната за тоа како настанало сирењето, односно како човекот го откри сирењето, отприлика гласи вака: еден убав сончев ден, пред 9.000 години, еден номад патувал некаде и со себе носел млеко во желудник од животно кој му послужил како еден вид термос за да има што да испие по напорниот пат. Кога конечно застанал да се одмори и тргнал да го испие млекото, тој открил дека млекото се претворило во грутки и така настанало првото сирење.
Таа приказна има еден поголем проблем според тврдењата на историчарот Пол Киндстедт од Универзитетот Вермонт. Имено, номадите кои живееле во плодните подрачја на Блискиот Исток околу 7.000 години п.н.е., би биле нетолерантни на лактоза во млекото. Патувачкиот номад секако би избегнувал да пие млеко, бидејќи тоа би му предизвикало стомачни тегоби.
Киндстедт, кој ја напишал и книгата „Сирењето и културата“, објаснил дека 1.000 години пред да се појават било какви траги за производствтвото на сирење, луѓето почнале да одгледуваат разни житни култури и тие рани полиња со пченка и други житарици ги привлекувале локалните диви кози и овци кои со млеко ги хранеле малите.
Првата појава на сирењето се случила пред околу 8.500 години, со два симултани развои во историјата на луѓето. Прво, до тоа време, прекумерната полјоделска пракса го исцрпила плодното тло, што довело до првата катастрофа предизвикана од човекот. Како резултат на тоа, неолитските луѓе почнале да одгледуваат стада кози и овци повеќе од порано, бидејќи животните можеле да преживеат хранејќи се само на тлото кое инаку не е плодно за одгледување.

Второ, луѓето го развиле грнчарството, односно првите садови во кои можело да се става млекото.
Овој историчар објасни дека луѓето не можеле веднаш да го употребуваат млекото во топлите предели на Блискиот Исток, туку го оставале да стои во новооткриените садови од глина. Токму поради тоа, млекото брзо се згрутчувало во тие садови, поради природната топлина и бактериите во млекото. Во одреден момент, некој собрал храброст и ја пробал згрутчената смеса, па открил дека таа може подобро да се толерира во однос на сировото млеко.
Тоа се случува поради фактот што околу 80% од лактозата се губи со сурутката, оставајќи лесно варливо и прилично вкусно сирење.
Со откривањето на сирењето, луѓето одеднаш можеле да додаваат млечни производи во својата исхрана. Сирењето претставувало еден сосема нов извор за хранливи материи и калории за возрасни, па млекарството оживеало.
Тоа значело дека децата и новороденчињата биле често изложени на млечните производи, што на крај доведе до толеранција на лактоза на идните генерации на луѓе.
Како што тие луѓе се селеле во Европа и понатаму, таа генетска мутација ја носеле со себе и ја ширеле понатаму.
„Тоа во потполност е одличен пример за генетска селекција која се случува во неверојатно краток временски период од еволуцијата на човекот. Тоа навистина е светско чудо кое засекогаш ја смени западната цивилизација“, заклучил Киндстедт.Приказната за тоа како настанало сирењето, односно како човекот го откри сирењето, отприлика гласи вака: еден убав сончев ден, пред 9.000 години, е

Пронајдете не на следниве мрежи: