Што треба а што не треба да правите ноќта пред венчавката!

Ноќта пред големиот ден обично  е луда мешавина од игри на возбудувања а вам ви е потребно само добро да се одморите.Што треба да правите?
Поминете го времето со семејството. Без оглед на тоа дали ќе приредите свечена вечера или ќе го поминете денот пред телевизорот тоа е голем ден за сите членови од вашето семејство, па токму затоа поминете го времето заедно.
Разгледајте ги заедничките фотографии од вас и вашиот избраник, за да не се изгубите во сите подготовки и да не заборавите зошто се венчате.
Изгасете го телефонот, мејлот, фејсбукот…Опуштете се што можете повеќе.
Наспијте се убаво. Тоа е полесно да се каже отколку да се направи но обидете се. Подгответе си купка или туширајте се подолго од вообичаено, испијте чај и прелистајте некој моден магазин.
Пратете му порака на својот сакан и кажете му колку го сакате. Бидејќи и тој е исто толку нервозен и возбуден како и вие.
Немојте да го направите ова…

 
Вечерта пред венчавката немојте да пиете премногу! Не сакате утрото да имате главоболка, подуени очи и подочњаци.
Никако немојте да испробувате нова маска за лице, или било каков препарат за кожа. Најмалку што ви треба е да добиете некаква алергија по лицето и телото.
Немојте да нанесувате крема за потемнување на кожата за да не би дошло до појава на дамки.
Немојте да ја пробувате венчаницата.
Немојте да останувате будни до касно украсувајќи го домот и додавајќи некакви ситни украси. Гостите утрото нема ни да забележат дали некаде недостасува некаков цвет или украс, но ќе забележат ако вие сте ненаспани и уморни. 
ВАКОВ треба да биде оној за кого ќе се омажите!Што треба да правите?
Поминете го времето со семејството. Без оглед на тоа дали ќе приредите свечена вечера или ќе го поми

Пронајдете не на следниве мрежи: