Гугл бара работници: Не ви е потребна диплома од факултет…

Гугл од секогаш бил познат по неверојатно тешките и комплицираните прашања кои им ги поставувал на кандидатите во текот на интервјуто за работа, па бројни кандидати не знаеле што да одговорат. Па така Гугл поради бизарните прашање како „колку топчиња за голф собира во автобус“ или „колку бензински станици има на Менхетен“ стекнал репутација на компанија која има изразито високи стандарди при вработување. Сепак неодамна прекинаа со такви прашања и признаа дека тоа нема смисла. 
„Тие прашања се губење на време“ изјавил Ласзло Бок од Гугл. 
Тој признал дека на телемните одговори односно од одговорите на вакви прашања тие не можат да дознаат конкретни информации за кандидатите. 
Наместо бесмислени прашања, оваа реномирана компанија сега сака да дознае повеќе за кандидатите. Па сега им поставуваат тешки аналитички проблеми кои треба да ги решат. 

На тој начин можат да дознаат повеќе информации. Така може да се дознае како кандидатите се однесуваат во тешки ситуации.
Исто така, оваа компанија во последно време компанијата вработува се помалку луѓе со завршен факултет. Од дипломата им се поважни други способности како можноста за учење, односно брзото решавање на проблемите, извлекувањето на заклучоци од наизглед неповрзани информации и многу е важно кандидатите да имаат лидерски способности. 
Бок додаде дека сакаат личности кои водат знаат да водат проект, но знаат и да слушаат и следат други лидери. 
Тоа што е посебно интересно е дека оваа компанија никогаш не бара експерти од одредени подрачја затоа што смета дека тие ќе најдат решение за одреден проблем на начин на кој се решавани слични проблеми милион пати, додека личностите кои се се експерти може да погрешат но често ќе дојдат до исто решение и тоа на многу поинаков односно нов начин. 
А всушност тоа е она што му е потребно на Гугл- иновација и способност!Па така Гугл поради бизарните прашање како „колку топчиња за голф собира во автобус“ или „колку бензински станици има на Менхетен

Пронајдете не на следниве мрежи: