Дознајте како ова девојче стана вистинска принцеза

Џеремаја Хитон од Абингдон, во Вирџинија (САД), присвои парче земја помеѓу Египет и Судан, прогласувајќи го за кралство, со цел неговата седумгодишна ќерка да стане вистинска принцеза.„Тогаш немав поим како ќе и ја исполнам желбата, но знаев дека мора да пронајдам начин“, напиша Хитон на својот профил на Фејсбук.
Потрагата по решението го однела до Бир Тавил, подрачје кои поради многуте конфликти помеѓу Египет и Судан веќе некое време е „ничија земја“. Според изјавите на агенцијата АР, планинскиот регион е еден од последните копнени делови кои немаат свој „сопственик“.
Хитон вели дека ќе побара формално признавање од африканските земји и убеден е дека сериозно ќе го сфатат.
Принцезата Емили изјави за Бристол Хералд Куриер дека се грижи дали децата од овој регион имаат доволно храна. Нејзиниот татко планира новостекнатиот суверенитет да го искористи за изградба на земјоделски центар во оваа област и вели дека неговата „нација“ ќе има цел да им помага на другите луѓе.

 
Како Бир Тавил станал ничија земја?
Според договорот од 1899 година, Бир Тавил му припаднал на Судан, а за возврат Египет добил дел од земјата која е позната по името Халаиб и е многу поголема, но и располага со повеќе ресурси од Бир Тавил.
Меѓутоа, договорот од 1902 година му го дава Халаиб на Судан, а Бир Тавил на Египет. Бидејќи и двете земји го сакаат Халаиб, секоја ги признава оние делови од договорите во кои стои дека Халаиб е во нивна сопственост.
До ден денес, ниедна земја не го признала Бир Тавил како своја територија…
„Тогаш немав поим како ќе и ја исполнам желбата, но знаев дека мора да пронајдам начин“, напиша Хитон на својот профил на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: