Доминација на Ред Бул во Кореја, победа на Фетел

 

Себастијан Фетел ја забележа 25-та победа во кариерата, откако триумфираше на трката за Големата награда на Јужна Кореја, со што го презеде водството во генералниот пласман.

Бранителот на титулата во првенството на Формула 55-те круга на патеката Јеонгам ги мина со време од 1:36:28.651 часа. Тимскиот колега на Германецот, Марк Вебер, го комплетираше успешниот викенд на Ред Бул во Кореја, со освојувањето на второто место.

Фернадо Алонсо на Ферари ја освои третата позиција, со што му го препушти водството на Фетел во вкупниот поредок. 

Бодови на 16-та трка во сезоната освоија уште Маса (Ферари), Раиконен (Лотус), Грожан (Лотус), Хилкенберг (Форс Индија), Верњ (Торо Росо), Рикардо (Торо Росо) и Хамилтон (Мекларен). 

Трката од пол позицијата ја започна Вебер, но истата ја загуби од Фетел уште пред влегувањето во првиот свиок, веднаш потоа и Алонсо го мина Хамилтон на третата позиција.

До крајот на трката редоследот на водечката тројка не се менуваше. Фетел со победата во Кореја е нов лидер во генералниот пласман со 215 поени, шест повеќе од Алонсо, трет е Раиконен со 167 бода.

Шампионатот во Формула 1 ќе продолжи на 28-ми октомври кога ќе се вози трката за Големата награда на Индија.

 

Макфакс

извор: макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: