Бабата на девет внуци раскажува за својата поранешна врска. Веројатно таков крај на врска никој не очекува, особено кога станува збор за помлад маж. Раскажува како постојано и праќал писма пораки и подароци откако нивната врска завршила.
Стивен Хунтер(45) дири се прикрадувал во нејзината градина да ја гледа се додека полицијата не го предупредила да се држи подалеку од Џона Донлан(62).
-Едно од трите деца на крај ми рече дека треба да повикам полиција. Ќерката ми рече дека мисли дека ќе ме убие-раскажува Џона која го запознала Стивен во март 2012. Го опишала како принцот на бел коњ, но подоцна станал посесивен и љубоморен.
-Една вечер излеговме со неговите пријатели, а тој мислеше дека сите ми се допаѓаат. Беше повеќе од љубомора-беше чудно-додава.
Ја прекинала врската но потоа почнало малтретирањето.
-Веднаш започна да праќа пораки, цвеќиња, чевли….Остави дури 33 говорни пораки. Ми оставеше писма, ме следеше…
Адвокатот на Стивен изјавил дека тој е многу заљубен во Џона.
-Немало насилство, а Стивен сфатил дека врската е завршена и продолжил со животот.Веројатно таков крај на врска никој не очекува, особено кога станува збор за помлад маж. Раскажува како постојано и пр