Јулија „го напушти“ дворот од својата куќа во Верона

Со деликатна операција отстранета е статуата на Јулија од дворот на славната куќа во Верона и пренесена во леарницата каде ќе биде направена нејзина копија. Акцијата на носење на бронзената статуа на девојката на Ромео била неопходна заради оштетување на скулптурата, дело на италијанскиот вајар Нере Костантини.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, изработката на силиконскиот калап за новата статуа треба да трае десетина дена, по што оргиналната скулптура ќе биде вратена на своето место.
Статуата на Јулија Капулети, хероината на славната трагедија на Вилијам Шекспир „Ромео и Јулија“, е поставена во 1968година наспроти „балконот под кој Ромео во топлите веронски ноќи и шепотел љубовни поракина Јулија“.

Статуата секоја година привлекува повеќе од три милиони туристи во Верона.
Според легендата, девојките треба да ја допрат десната рака на Јулија и да си помислат љубовна желба, а момчињата десната града на бронзената Јулија. Доколку момчето и девојката го сторат тоа истовремено, се верува дека засекогаш ќе останат заедно.
Дека приказната има одек меѓу посетителите, сведочи излитеноста на двата дела од бронзениот кип на Јулија. Акцијата на носење на бронзената статуа на девојката на Ромео била неопходна заради оштетување на скулптурата, дело на италијанскиот вајар Нере Кос

Пронајдете не на следниве мрежи: